Dikhipe maškar Direktori thar NRC thaj

845

Здружението Национален ромски центар претставувано од Извршниот Директор -Ашмет Елезовски оствари средба со Министерот за здравство Венко Филипче-Доктор по медицински науки

По барање на НРЦ се оствари средба со Министерот за здравство во врска со Ромите и нивното учество, користење на услуги и партиципација, стручно оспособување и подобрување на актуелната состојба на  здравството на жените Ромки и здравјето на Ромите во Република Северна Македонија.

Средбата се случи во вистинско време, при што Министерот од страна на Извршниот директор на НРЦ беше дополнително информиран за активностите и залагањето на НРЦ во измнинатите 15  години за остварување на позитивна комуникација во остварување на нивните здравствени права, во нивните места на живеење и по потреба во клиничките установи во Скопје.

Министерот информираше за личните заложби и заложби на Министерството во насока на остварување и подобрување на правата од здрвствена заштита за сите граѓани на РСМ.

Министерот го поздравува и охрабрува процесот на пристапот на Ромите во здравствените институции како медицински стручен персонал (медицински сестри, лекари, негователи )или како корисници на услугите.

Тој посебно ја истакна можноста за подобрување на ситуацијата со можното превземање и вклучување на ромските здравствени медијатори во здравствениот систем во поголемите градови на РСМ и согласно можностите истакна дека министерство е отворено за соработка.

Извршниот директор на НРЦ се заблагодари на позитивните погледи и планираните политики за подобрување на здрвствениот систем и се заблагодари за многуте интервенции со  негова заложба во соработка со матичната служба за водење на матичните книги и социјалните работници во здравствените домови, за хуманоста при користење на здравствените услуги кои ги користат лицата без лична документација,  воедно и за неколку лица на кои им беше потребна хирушка интеревенција.

При што се надеваме дека во иднина ќе се земе во предвид вработување на Ромите со веќе завршено медицинско образование како и доедуцирање и специјалзиација на веќе постоечки медицински кадар од ромска нацнионалност со цел намалување на наевработеноста кај ромите и намалување на одлив на младите во западноевроспките држави.

НРЦ информираше дека доколко не постоеше отворена комуникација за успешна соработка помеѓу НРЦ и Минситерството за здравство и здравствените домови како на пример Директорката на Кумановска болница заедно со нејзниот тим од здравствени работници, немаше да се подобри здравствената состојба пред се на жената ромка – мајка, како и нејзините деца.

Сеуште постојат потешкотии при користење на здравствените услуги, кои ќе ги има и во иднина, но секако останува на изнаоѓање на заеднички механизми за подобрување на системот на здравствена заштта во РСМ.