Evropaki Komisjja-ikherga o vahtavi (izveštaj) baš tavdipe o lavkeripe e Makedonijaja..

707

Evropaki komisija oficijalno denga o vahtavitar tavdipe baš angle đajbe i them Utarali Makedonija o bičalipe sas lingardo đi o Konsili e ministeriumengo thaj Evropaki Unija sa mangipnaja te putrelpes o lav keribe ano kuvibe ko đjenipe e themako.
O vakeripe tavdinga tar Evropaki komisija odoleja so valani te dikhenpes e vahtavija tar so duj pivja Makedonija thaj Albanija, sar pivja save kerge reformikane resarina ano pumare raštre.

Европската Комисија (ЕК) и официјално ги претстави извештаите за напредокот на Северна Македонија и до Советот на министри на Европската Унија препорача отворање на преговорите за членство на земјата. Овој заклучок, Комисијата го базира на постигнатиот напредок во однос на условите кои едногласно беа поставени од страна на Советот во јуни 2018 година. По објавувањето на извештајот за напредокот во кој комисијата препорачува почеток на преговори со Северна Македонија и во кој го поздравува напредокот во реформите, надлежните се надеваат дека Советот во март ќе даде позитивна одлука за преговори.
Европската Комисија стои цврсто на своите препораки за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и се надевам дека земјите-членки ќе донесат позитивна одлука во наредните недели, порача еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји по објавувањето на извештаите за напредокот на двете земји.
Европската Комисија (ЕК) претпладнето ги објави и официјално двата извештаја за реформскиот напредок на Северна Македонија и Албанија, наменети за земјите членки на Унијата да донесат одлука на крајот на овој месец за почеток на преговорите.
Портпаролката на ЕК за проширување, Ана Писонеро, изјави дека Комисијата, по оваа проценка на двете земји, останува на ставот дека Скопје и Тирана се подготвени за почеток на преговорите со ЕУ и се надева дека овојпат Советот ќе даде зелено светло, паралелно со ревидираната методологија за преговори. Пролетниот самит на ЕУ е закажан за крајот на март, се очекува преговорите со Скопје и Тирана да бидат ставени на дневен ред.

Roma Press lendo tar:https://novatv.mk/ek-go-usvoi-izveshtajot-preporachan-pochetok-na-pregovori-so-s-makedonija/