Антициганизмот оди рака под рака со порастот на екстремната десница во Европа

4167
Muki

Во текот на изминатите неколку години постојано се зголемува дискриминацијата врз основа на расрелигија и етничка припадност. Генерирано од депресивни економски услови, се раѓа ултранационализмот, популизмот и ксенофобијата.

Антициганизмот оди рака под рака со порастот на екстремната десница во Европа. Со доаѓањето на ултрадесничарските партии на власт во Полска, Унгарија, Словачка, Италија… се враќаме на случувањата од 1939 година, кога Хитлер и Мусолини дојдоа на власт.

Системот на идеи кои доведоа до расизам а особено антисемитизмот и антициганизмот најдоа соодветна почва во Европа, која ја искористија овие ултрадесничарски партии, и искористувајки го незадоволството на своите сограѓани од се подлабоката економска криза. Неодамнешните случувања во Украина, Словачка, минатогодишните анти ромски протести во Бугарија Асеновград, ја покажуват неспособноста на Европските институции да ја заштитат ова најголема европска етничка група од се поголемиот замав на ултрадесничарите. Вистинскиот проблем за Европа е молкот кога станува збор за расистичката политика.

Европа молчи кога станува збор за претепување, убивање, палење на импровизирани живеалишта на ромите, прекумерна употреба на сила од страна на полицијата, насилни депортации и делокации, пораки, летоци со фашистички национален пропаганден материјал во кој се повикуват граѓаните да ги бесат или убиват ромите. Зголеменото непријателство кон ромите, сега стана она што го одделува европското општество. Фактот дека Европа, која служи како пример на цивилизирана нација , сега се најде во таква ситуација, која лесно може да води до поголема катастрофа. Зголемените расистички тенденции во Европа можат да му наштетат на континентот и на демократијата, па и на самото ЕУ партнерство.

Познато е дека мирните етнички заедници како резултат на се почестиот терор кон нив, можат да станат насилни, но кога се во прашање ромите ова теза нема реалност, поради историските факти што ромите никогаш не се бунтувале во огромни размери, и не посегнувале по оружани дејствиа како превентива или заштита. Ромите се една од најобесправените малцински групи, на кои честопати им ги отфрлат основните човекови права.

Ромите почесто од другите национални малцинства се соочуваат со пречки во образованието, вработувањето или здравствената заштита и нееднаквиот третман во општеството кои ги турка во сиромаштија. Грото ромските групи најчесто живеат под границата на сиромаштија под несоодветни услови, голем број не се активно вработени и во исто време не се запознаени со рамката за борба против дискриминацијата и системот за поддршка на жртвите. Европа мижи, но мижеме и ние, вината е и кај нас, ние сме голема себична нација, немаме општествена одговорност кон нашата заедница, се додека проблемот е подалеку од нашите порти нас не не засега, молчиме на сите неправди, тортури, молчиме на кражбите од нашето банковно конто, се правиме глуви на сите омаловажувања од страна на државните институции па и на поединци инвидуалци.

Знаеме да го уживаме денот за денес утре за утре, без да размислуваме за иднината на нашите поколенија, дозволуваме квази ромски патриоти да не влечат за уши , и да ни ја покажат таа нивна демократска демагогија за подобро утре, секогаш чекаме некој друг од надвор да ни ги реши проблемите оти тој е Гаџо, попаметен бил од нас. Да, додека ние не се освестиме сами, додека меѓу нас не се роди некој си ромски Махатма Ганди, Мартин Лутер Кинг или Нелсон Мандела да ги изнесе масите на улица, ние некокумината лајачи ке продолжиме да лајеме на звездите а другите ке си гледат сеир, се додека мечката не дојде пред нивната врата да заигра.

Romapress

Мозес Соломон (Мухаџер Сулејман)