Колумна: Отворено општество проткаено со фин говор на омраза..

4402

💭Саркастичен наслов за саркастична прича. Странава требаше да биде промоција на мојата работа и мојата експертиза, но не можев да си седам на три и да свиркам, а да не се произнесам за “помукло” интелектуалниот свет, каде искористувајќи го јавниот интерес фино лепо закачуваат една или повеќе заедници на тапет без притоа да размислат за изворот, причината, концептот на разбирање, интеркултурна коресподенција и ред убави фини термини и зборчиња кои што можат да доближат и зближат две или три различни страни… нели концепт на отворено општество гаиме… 🌇

Говор на омраза проткаено во емпатија кон колективното добро и јавниот интерес (❓скоро исто како пред 80 години, кога колективот беше дефиниран на само едни, не на повеќе или сите ❓)
📖Да поченеме со дефиниција… за говор на омраза цела енциклопедија може да најдете. Од многу дефиниции, ќе извлечам две само… најблиски до нашите случувања:
1️⃣ “Говор на омраза е термин кој означува говор чија намера е да деградира, вознемири, или предизвика насилство или активности врз основа на предрасуди против лица или групи луѓе врз основа на нивната раса, род, возраст, етничка припадност, националност, религија, сексуална ориентација, родов идентитет, хендикеп, јазична способност, морални или политички ставови, социоекономска класа, занимање или изглед (како висина, тежина и боја на коса), ментален капацитет и било која друга особина.”
2️⃣ “Говор на омраза е секој говор, гестикулација или однесување, пишан текст, или приказ кој што е забранет поради можноста да поттикне насилство или предрасудно дејствување против или од страна на некоја заштитена индивидуа или група, или поради што се деградира или заплашува одредена индивидуа или група. “
Во книгите 📖 се си пишува. Ама тоа и е проблем. Ние не читаме, ние слушаме… слушаме што ќе кажат на телевизија, слушаме што ќе каже нашиот херој, што ќе каже нашата симпатија, нашата жена, маж или нашата партија… супер слушатели сме. Но не начитани, за жал.
Од овие дефиниции ако тргнеме, 80% од постовите на социјалните мрежи, акции и реакции на политичари, јавни личности, активнисти и други, ќе треба да се позанимаваат со јавно обвинителство. Но најчесто луѓето или они слушателите, исто така слушнале дека имаат право на свое мислење, слобода на говор итн. Ете покрај тоа што слушнале и да прочитаат што во суштина тоа значи:
📢 “Слобода на говорот — право на слободно зборување и изразување без цензура или ограничување, или пак двете заедно. Слобода на говор како синоним на слобода на изразување понекогаш укажува не само на вербален говор,туку и на барање, примање и пренесување на информации или идеи, без оглед на медиумите кои се користат. Во пракса,правото на слобода на говор не е неограниченo каде и да е, и тоа правото е обично предмет на ограничувања како во однос на „говорот на омраза”.

До тука “Мислам значи постојам” веднаш се пробудува и оние слушателите (за нив пишувам цело време 🙂 ) омразата што ја шират веднаш ја прекриваат со правото да си кажат што мислат 😞

🔔 Драги “слушатели”, а ве има многу, поминете по некои правни литератури или во најмала рака пребарајте по интернет, што значи говор на омраза, слобода на изразување, нејзино ограничување, пребарајте што значи “принцип на штета” во слободата на говорот, што значи “принцип на навреда” итн. Многу е лесно да видиш, па да кажеш, уште полесно е веднаш да кажеш што мислиш, но концептот на заедништво и отворено општество за сите не се гради со говор на омраза и во интерес на вашата слобода на говор да се повреди интересот и вредноста на другата страна. Не другари така градите ваше чисто општество, а другите ги вадите од некогашните маргини и во вашето “отворено” општество ги затворате во поголеми кругови.

Доследно да си го искористам правото на мисла, слобода на говор и изразување и да ве насочам а не осудам…да верувате повеќе на вашите очи 👀 тоа што ќе го видат во книгите 📖 , а помалку на вашите уши 👂што ќе слушнат од другите🗣

Hazri kerga: Srgan Ameti bašh Roma Press