ЌЕ СЕ ОТПИШАТ ЗАСТАРЕНИ ДОЛГОВИ ЗА СТРУЈА НА 200 ИЛЈАДИ СЕМЕЈСТВА, НАЈАВИ ЗАЕВ

1830

Отпишување на застарените долгови за струја на  200.000 семејства кон ЕВН во вкупен износ од 110 милиони евра, најави денеска премиерот Зоран Заев на трибина во Охрид.

„Постои волја од Владата, ЕЛЕМ и ЕВН да избришеме долгови за струја во вкупен износ од 110 милиони евра на 200.000 граѓани и семејства. Разгледавме ситуација за стари долгови за струја до 2006 година за 200.000 семејства и граѓани кои се заглавени во вакви лавиринти на извршители и блокирани сметки. Овие денови сме во длабоки преговори, волјата денеска можам слободно да ја соопштам, кога правно формално ќе го потпишеме договорот јавно ќе соопштиме. Но, волјата од Владата за преземање на своите дејствија е нотирана, и од ЕЛЕМ како партнер во производството на струјата е потврдена, и волјата на ЕВН како приватна компанија исто така е потврдена. Намерата е да избришеме долг на граѓаните од 110 милиони евра. Тоа се огромни пари и ќе биде големо олеснување за граѓаните. Сите мерки коишто ги спроведуваме се во насока на било кој начин да вбризгаме пари кај граѓаните“, изјави Заев.

Тој најави и интерес на странските инвеститори за вложување во Македонија

„Можам да најавам  уште нови 17 странски инвестиции во вредност од над 150 милиони евра со отворање повеќе од 4.500 нови работни места, што ќе доведе до побарувачка на работна сила, а со тоа и раст на платите. Повеќе од 70 милиони евра од Буџетот годишно се за поддршка на инвестициите во индустријата преку повеќето фондови и поддршка на стопанството“, кажа Заев.

Hazri kerga Erdzan m.Roma press