Колумна-Елма Д. “ДИСКРИМИНАЦИЈАТА Е СТРАВ И ПРИЗНАНИЕ НА НАШАТА СИЛА”

785

Познато е чувството кога се плашиме, познато е како се чувствуваме кога не газиме на цврсто тло и сме несигурни. Сосема разбирливо и природно е да си исплашен за твојата иднина ако немаш самоверба и лична сатисфакција која те исполнува. Незнам….. не мора да си толку писмен за да го разберам стравот.

Велат во политиката е дозволено се??? Не сум политичар… незнам, но еве подготвени сме и низ ова да поминеме разбирајќи дека е дозволена се. Што е “се” појма немам!!!
Се прашувам… дали демократските принципи за време на политичка кампања ни дозволува ваков говор….. опс или говор на омраза?
Ние…. сочувствуваме со Вас, тешко Вие е, Ве разбираме не сте свесни колку…Да имаш ваков став, да се третираш како совесен граѓанин, како граѓанин интелектуалец, како граѓанин подготвен за политички став е невозможно да “дише” заедно нас Ромите… особено интелектуалци кои емпатијата за било кој ни е на највисоко ниво. А верувајте ние како доживотни борци не ни е потребна ама на ваквите “чуда на 21 век” многу ќе ви треба.

Се сеќавате сите ние како мали ако некој лиже голем и убав сладолед, покажувате со прст и го барате истиот од родителите.
Ете компарација, кога гледате Ром кои нивото на комуникација и однесување дури не е ни за оваа планета…. НЕ Е ВАШ, А?
Е, наш си е…Се додека има вакви “чуда на 21 век” за жал ќе мора да постои “ваши и наши” во речникот на македонскиот јазик за сограѓанин.

Но…. Ве разбираме, незнаете колку е тешко да се достигне нивото кое сум сигурна дека не го ни разбирате. “Шпанско село” беше узречицата……После овие коментари, несоодветни, децата да знаат дека ги пишувате ќе се срамат дека сте им родители. Децата учат суровост од родителите. Алооо… иднината Вие им ја нарушувате, ќе трчате по полиции кога децата ви се истепани ама дека навредувале и дискриминирале некого до самоубиство не е ништо. На секоја акција има реакција.

Сочувствуваме со Вас……. НО…Со широки раце ќе Ве дочекаме во градинка полна самодоверба, во градина полна љубов, емпатија, разбирање, во градина полна човечност, сигурност,…. цврсто тло и гордост…………АКО СТИГНЕТЕ. А ќе оздравете и разберете кога силата и рамноправноста ќе ве водат а дискриминацијата никогаш алатка за завземање место а најмалку признание за издвојување политички поени.

Aвтор:м-р Елма Демировска

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)