Реакција од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши

79

Reakcija taro kabineti e presidenteskoro taro Khedipe(Sobranie) e Makedonijako bichaldo ďjinko Roma Press, vakerindor bash o informacie taro DUI phanle e delegacijaja taro Sobranie Republika Albanijako so na sine śukar doďjarime,ikjerime tani hohavni.

Dikhen i bichalimi reakcija 👇👇👇

Тврдењата на ДУИ за средбата со делегацијата на Собранието на Република Албанија се целосно неточни и претставуваат намерно искривување на фактите. За првпат во историјата на Собранието на Северна Македонија, претседателката на Парламентот на Република Албанија беше пречекана со највисокиот државен протокол, што ја демонстрира посветеноста на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за градење силни и взаемно почитувани односи со Република Албанија.

Средбата беше целосно транспарентна, отворена за јавноста и медиумите, при што претседателот на Собранието, Африм Гаши, го одржа својот говор на албански и македонски јазик, строго придржувајќи се до законот, Деловникот и Уставот. Секоја изјава што се разликува од ова претставува неосновано обвинување и навреда, не само за претседателот на Собранието, Гаши, туку и за самиот институционален интегритет на Собранието, како и обид за искривување на вистината. Ваквите тврдења ги поткопуваат вредностите и ја загрозубаат вистината и единството.

Со оваа прилика, претседателот на Собранието, Гаши, упатува повик до опозициските политички партии да ја извршуваат својата опозициска улога со повеќе креативност и конструктивност.
Посветеноста на г. Гаши останува непоколеблива – тој поддржува секоја идеја и конструктивен проект, без разлика на политичката припадност, кои водат кон напредок и развој на нашата земја. Особено ги охрабрува придонесите на опозициските парламентарни партии што демонстрираат вистинска посветеност за подобрување на животот на нашите граѓани.

Рома Пресс- Од Кабинетот на Претседателот на Собранието, Африм Гаши