Севгул А. Колумна: Политизам/популизам или враќање во 2001 година

339

Sajdime, moro avdisutno hramoviphe ka thavdel ani makedonikani chib, sebepeja te haloven amen okola save na halovena amari chib. Soske politizam ja populizam?ja palem iranipe sa amen palal ko bersha kana sako jek amendar save so ikerena ani godi o 2001 bers, ka haloven so si bari thaj seroizno zakana ani aktuelno politikani sostojba ki Makedonija.

👇👇👇
Политизам/популизмот повторно започна да биде како главна алатка на се актуелната политичка состојба во Македонија. Загрижен за севкупната состојба денес сакам со вас да го споделам моето мислење за политичката состојба во нашата држава Северна Македонија.
Се прашувам? Дали вистински треба повторно да се враќаме на годините наназад, или тука веќе станува збор за обид на мерење на силити помеѓу партиите на ВМРО и ДУИ.

Актуелниот премиер Христијан Мицковски, говори дека станува збор за криминалното однесување на оваа политичка структура во изминатите 20-тина години. Имено, на секоја изјава Мицковски потенцира за некаков криминал,кој е во суштина како вистинскиот мотив на актуелното раководство на ДУИ. Од партијата на ДУИ возвраќаат дека тука не станува збор за никаков криминал туку директен напад врз Охридскиот мировен договор, кој предизвика тензии во меѓуетничките односи, создадоа непредвидлива и опасна ситуација за внатрешната стабилност,који истите укажуваат дека за тој истиот договор тие го платија со крв,велат од ДУИ.

И повторно исто па исто,се прашуваме до кога?
Дали актуелната состојба во нашата држава повторно ке биде ескалирана како мета за отварање на пандорината кутија, за повторно преку мали политички провокации да се стигне до предвремени парламентарни избори, Да или Не?
Првиот интегративец отворено говори и бара предвремени парламентарни избори за спас на европскатла иднина на земјата и враќањето на довербата кај граѓаните. Говорејки дека актуелната Влада, постигнала највисоко ниво на скандали, криминал и корупција во краток временски период. Мицковски експресно како никогаш досега му одговори,,Ќе има избори но само ако владејачката коалиција ги изгуби локалните ибори’, инаку во предлогот на ДУИ го гледаат само како дефокусирање на јавноста и обид за поларизирање на населението по етничка линија.

Едните се надеваат на поддршка од институциите на Европската Унија, а па друѓите бараат помош во соседството кај Рама и Спиропали.Но, едно е јасно дека актуелноста започна во време кога САД го стави на црната листа, поранешниот вицепремиер, Артан Груби за вмешност во корупција.

Загрижен,како ке заврши актуелната политичка состојба во Македонија, се прашувам дали ние како помала заедница Роми/и останатите повторно ќе завршиме како колатерална штета?
За жал, нашето минато е многу богато со страшни нешта и неправди,уште пострашно, што се уште многу од гаџованите мислат на нас како небитна заедница која никогаш не беше вклучена во сериозни и озбилни политички случувања.

А ние, како заедница се уште сме изгубени во нашиот севековен лавиринт од кој нема излез,говорејќки за нашите политички лидери који за жал се обезгласени. А па тие фб.паметнаците и оние који со готов пишан текст од друѓите го споделуваат како свое,говорат дека се познавачи на серомскиот политички живот а во практична форма се за жалење. За жал, тие истите од своја преспектива како непознавачи на системот во Македонија,говорат со фрустрации упатени само до нашите така наречени лидери који се обезглавени.

Имено,одговорите за севкупната состојба на самите нас треба да се бара на горе напишаното, во спротивне уште многу години па и децении ќе останеме на нашиот севековен лавиринт од кој нема излез. Само на тој начин треба да ни биде јасно/чисто дека нашата политичка па и севкупната состојба се крои според желбите на едните или друѓите.

И Сосема на крај, избори или отварање на пандорината кутија не треба да ни биде повеќе важен од еден изгубен човечки живот.

Автор:м-р Севгул Абдула