Чиста енергија за чист воздух” за намалување на аерозагадувањето преку развивање на одржливи практики за енергетска ефикасност

2066

Општина Шуто Оризари го поддржува Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД да аплицира за проектот ,,Чиста енергија за чист воздух” со цел да се намали аерозагадувањето во Скопскиот Плански Регион преку развивање на одржливи практики за спроведување на енергетска ефикасност на објекти и користење на обновливи извори на енергија.

Проектот е предвидено да биде финансиран од Владата на Р. Северна Македонија од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.

Проектот предвидува организирање на едукативни работилници за намалување на аерозагадувањето наменети за локалното население, вклучувајќи жени, млади и ранливи групи. Низ проектните активности кои предвидуваат округла маса со експерти од областа, ќе бидат споделени искуства за решавање на проблемите со аерозагадувањето.

Општина Шуто Оризари ќе ги понуди своите расположливи капацитети и ресурси и ќе обезбеди подршка во фаза на подготовка и имплементација , особено во обезбедување на експертска поддршка и потенцијално ќе соработува со Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД, промовирајќи го користењето на чиста енергија за обезбедување на чист воздух.

Hazri kerga:Roma Press