O Busija tar JSP – Panda na uklena đki ki paluni trafika, e Roma phirena 3 km..

880

Фатима Османовска јавно преку својот фб.профил објави статус со реакција и загриженост за случувањата поврзано со ЈСП.

Доста беше молк! Време е да се соочите со граѓаните на Шуто Оризари и да дадете одговор:

– Зошто без известување веќе подолго време линиите 19 и 20 возат четири станици помалку? Дали знаете дека од Харбин до последна 19ка има над 3км кои граѓаните треба пешки на дожд и на сонце да ги испешачат откако уредно си платиле билет кај Вас?

– Зошто вината за Вашето несоодветно и нехумано нудење услуга ја пренасочувате кон локалната самоуправа и градоначалникот на Шуто Оризари? Дали граѓаните плаќаат билет во општината или во ЈСП? Разбирливо е при градежни активности да го пренасочувате сообраќајот, но и покрај се сте должни да ги однесете граѓаните кои Ве финасираат до крајната станица, но денес?

– Дали имате наредба намерно да ги саботирате линиите 19 и 20? Дали системски ЈСП врши дискриминација на жителите на Шуто Оризари?

Денес НЕМА МИТИНГ во Шутка – проодна е главната улица, одговорете зошто граѓаните не ја добија услугата до последна станица.

Следен МИТИНГ ќе има пред ЈСП од незадоволни граѓани на општина Шуто Оризари ако не почнете да ја давате услугата која ја заслужуваат и ПЛАЌААТ граѓаните на Шуто Оризари.

Roma Press- profil:Fatima O.