Ano 21 zamani na nakhela o brutalnost tar policijake bukarne kana diso kerela disavo Rom, thaj tadani upral oleste sikavelapes o maj baro takati savo so śhaj kernale upral oleste. Avdive ano socijalno mreže aktuelno o baro brutalnost thaj putribe takati policijako upral roma.
Запрепастени сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност како и голема непрофесионалност на полициски службеници кои јавно и со големо пречекорување на овластувања малтерира и умаловажува лица од ромската етничка заедница. Ромите како рамноправни грагани од Македонија, Здружение за развивање на општествени дејности,,Кхам Сијан,,-Скопје како и останатите Ромски невладини организации нај остро ги осудуваат таквите случувања и Бараат од секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите ВЕДНАШ И ЈАВНО!
Големи неправди секојдневно се случуваат со Ромската заедница, за тоа бараме истрагите да се реализираат брзо и транспаретно пред правдата граганите (ромите) да ја земаат во свои раце.
O MVR sigo denga Havlaribe baś i avdisitni ćipota maśkar policijake bukarne thaj dizutne Roma.
Hazri kerga: Neđmedin A.- Roma Press