Habitat thaj IRIZ dena dumo e dizutnen baś informiribe e urbanistikane planoja..

683

Habitat akharela e dizutnen tar Śuto Orizari aktivno te len than ko sa e faze tar anibe detalnimabe urbanistikano plani.
Habitat prekal piri buti sakana tane ani rig e dizutnengiri tar Komuna Śuto Orizari thaj sakana olencar ani komunikacija.

Partnerija tar Habitat Birađakiri organizacija IRIZ savi kerla buti sakana ko teren e dizutnencar thaj delalno informaciencar panle urbanistikane planoja,aso kobor ka đanen pobuter baś urbanistikane planoja odoborom pobuter ka penđatgove e planoncar baś polačho olengo đjivdipe, vakerna tar Habitat.

Хабитат ги повикува граѓаните од Шуто Оризари активно да учествуваат во сите фази од донесувањето на деталните урбанистички планови. Хабитат Македонија е секогаш на страна на граѓаните и е во постојана комуникација со нив. Затоа, како и до сега и понатаму ќе информираме за секој нареден чекор. До сега, на терен беа информирани сите граѓани од Шуто Оризари и тоа во реоните каде што ќе се подготвуваат деталните урбанистички планови. Во овој момент за потребите на креирањето на овие планови се врши геодетско мерење, односно снимање на теренот.

Нашите партнери, невладината организација ИРИЗ ќе продолжи со информирањето на граѓаните на терен. За подостапно и полесно информирање, дополнително ќе се делат брошурите насловени „Со детални урбанистички планови до подобро место за живеење“, но секако ќе добијат информација лично сите заинтересирани. Тие ќе можат да прашаат сè што ги интересира, секако и да дознаат дека со добивањето на Деталниот урбанистички план ќе им се подобри целокупниот квалитет на живеење.

Хабитат Македонија директно, или преку своите партнери, ќе продолжи активно да комуницира со граѓаните и ќе се труди тие да добијат вистинска и правовремена, јасна и разбирлива информација, затоа што главен партнер во целиот процес се токму тие – граѓаните.
Активностите се спроведуваат во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“, финансиран од Европската Унија, а е заедничка иницијатива на Хабитат Македонија и општините Шуто Оризари и Велес.

Rom Press- Habitat