Havlaribe thari Politikani Partija ROM-Roma Pashakerde tari Makedonija

1088

Почитувани сограѓани на општината Шуто Оризари,

Најнапред дозволете да Ви честитаме на храброста и солидарноста која ја покажавте кон заштита на нашите најмили деца. Со ваквиот чин придонесовте кон вистинско алармирање и сериозно третирање на овој и како сериозен проблем во нашата единствена ромска општина Шуто Оризари.

Нашата сплотеност без разлика на етничката, верската и политичка припадност доведува до алармирање на овој проблем и соодветно третирање на истиот, со цел да не се повтори ваквиот чин, без разлика дали во нашата или во некоја друга општина.

Децата се нашето најголемо богаство и ова богаство која е нашата иднина должни сме сите заеднички и сплотено да го чуваме и браниме од сите зла од модерното општество во кое живееме.

Се надеваме и очекуваме дека тоа што се случи вчера е доволен индикатор надлежните институции да го зголемат нивото на безбедност и особено присуство на полицијата во школите и градинките, со цел да се нормализираат работите и намали паниката и стравот кој што е присутен кај секој еден родител, во овој тензичен и сензитивен период.

Само на таков начин ќе покажеме дека грижата за нашите најмили е на прво место.

Со почит,
Политичка партија
Роми Обединети од Македонија – РОМ