Makedonija nanaj te denla love Evropaki Unija baś Kovid 19..

855

Makedonija na araklagovena ano niče maškar okola thema tar Evropaki Unija save trubul te ovenlen dende love upreder 540 milionija evroja.

Sar so vakerna e informacie tar EU e love trubul te denpes tar solidarbikano fondi, vakerla Presidenti tar Evropaki Komieija, Ursula Fon der Lajen.

Македонија не е дел од државите кои од Европската унија ќе добијат помош од околу 530 милиони евра.

Информацијата за тоа кои земји ќе добијат финанска помош од Солидарниот фонд на ЕУ на Твитер ја објави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Солидарност на ЕУ на дело, напиша Фон дер Лајен набројувајќи ги земјите кои ќе бидат опфатени со овој пакет, меѓу кои се и Србија, Црна Гора и Албанија.

Со предлогот на Европската комисија се опфатени 17 земји членки и 3 земји кандидати, односноАвстрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Португалија, Романија и Шпанија, плус Албанија, Црна Гора и Србија. Како што стои во соопштението од Европската комисија, средствата кои треба да ги добијат се поддршка на нивните јавни трошоци за медицинска и лична заштитна опрема, итна поддршка за населението и мерките за превенција, мониторинг и ширење на коронавирусот.

Roma Press lendo tar:https://www.slobodenpecat.mk/makedonija-nema-da-dobie-pomosh-od-paketot-na-eu-od-530-milioni-evra/