Mensur Haliti – Hramonela bašh o 27 dive tar Januari dive tar Holokausti..

915

27- to dive tar Maškar đianesko dive tar Holokausti kerdo upral e Roma Hramonela o Bajram Haliti, daja tumen šajipe tar Anglikani čhib irame  ani Makedonikani čhib- drabaren..

27ми Јануари е Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот, денес општеството ќе им оддаде почит на милион луѓе кои беа убиени под нацистичкиот режим во Европа.
Комеморациите се потребни за да ги разбереме демоните на човековата природа и да не натераат да сфатиме за што сме “способни” и како “добрите луѓе” понекогаш можат да придонесат за масовни убиства, предавајќи ги својот морал на групата која е во моќ.
Конкретно за Ромите, комеморациите се неопходни за да се потсети пошироката јавност за Холокаустот на Ромите. Многу често, истребувањето на ромското население за време на Втората светска војна е изоставено од наставните програми и историографијата на нацистичкиот геноцид. Сепак, не е доволно само да се биде присутен на комеморациите и да се одржуваат говори. Ние, Ромите, треба да си го поставиме критичкото прашање: како можеме да спречиме историјата да не се повтори во однос на Ромите?
Владите користат комеморации за да покажат емпатија за мртвите, но во меѓувреме забораваат на живите. Откако Конвенцијата за спречување и казнување на криминалот на геноцид беше усвоена од страна на ООН во 1948 година, имотот на Ромите, вработувањето, уставните и човековите права не се заштитени или почитувани во рамките на европските општества. За еден ден на комеморација, ни преостануваат 364 дена понижувања, малтретирање, насилство и убиства врз Ромите ширум Европа. За изградба на спомен обележје, има илјадници уништени Ромски домови во европските земји.
Ние мора да ја споиме врската помеѓу минатите настани и денешната ситуација: анти-ромското насилство се легитимира преку екстремно десничарските партии – Јобик во Унгарија, Атака во Бугарија – кои се всушност демократски избрани. Кои се земјите го признаа Ромскиот холокауст досега? Унгарија, Полска, Словачка и Украина.
Дали треба да прифатиме дека држави како Унгарија и Словачка го украсуваат својот углед со прогресивни изјави на меѓународно ниво, додека во исто време практикуваат училишна сегрегација на деца Роми и присилна стерилизација на жените Ромки во нивните домови? Дали треба да прифатиме дека германската влада е домаќин на десетици комеморации за холокаустот, кога испраќаат десетици илјади Роми во Косово, каде се соочуваат со дискриминација и закани, без притоа немање можност да бараат полициска заштита?!
Овие се само неколку примери за да се илустрира како историјата се повторува во однос на Ромите, и како сеќавањето и образованието на холокаустот имаат ограничувања. Студијата спроведена од германската Федерална единица за антидискриминација откри дека иако мнозинството Германци знаат за холокаустот на Ромите, еден од тројца Германци смета дека Германија не сноси посебна одговорност кон истребувањето на Синтите и Ромите од страна нацистите и нивните сојузници за време на Втората светска војна…
Што треба да се направи?
Ние мора да се соочиме со бруталниот факт дека нашата меморија се користи против нас. Не треба да се залажуваме во однос на оваа улога. Признавањето на холокаустот на Ромите треба да биде поврзан со актуелниот напредок на Ромите. Ние нема да ги спречиме националните влади да ја користат нашата меморија за свои цели.
Меѓутоа, ние, треба да демонстрираме единство и да ја трансформираме меморијата на нашите луѓе во реални промени за нашата заедница. Треба да имаме критички пристап кон холокаустот. Ние треба да им помогнеме на јавните институции да ги преиспитаат своите концепти за напредок и да измерат колку е постигнато откако е донесена Конвенцијата за спречување и казнување на криминалот на геноцидот.
Ние мора да ги оспориме нивните двојни заложби за демократски идеали и недемократски практики и нивните перверзни аспирации за воведување и задржување на инклузивни економски и политички институции, политики и практики. Мора да провериме каков напредок постои во признавањето на Ромскиот холокауст.
Минатата година, на пример, Европскиот парламент издаде резолуција со која се бара признавање на 2-ри август како меѓународен ден на холокаустот на Ромите. Ова е нешто што треба да го направиме за европската јавност и за Ромите кои заслужуваат да знаат за својата историја и за подобро да ја разберат сегашните случувања и својата иднина.
Мора да го смениме наративот за геноцидот на Ромите: ако сè уште сме тука за да сведочиме, тоа е затоа што ние се спротивставувавме, пред, за време и по холокаустот. Ова во најголем дел се појавува во традиционалната историографија, каде Ромите се претставени како жртви.

Ние мора да се гледаме себеси како посебна моќна култура, наместо привремена, инфериорна супкултура која зависи од другите. Мора да ја прифатиме и зајакнеме нашата уникатност, нашето гордо минато и нашето право да развиваме независен систем на верувања кој одговара на нашите различни потреби и желби.
Треба да го негуваме споменот за холокаустот присутен во нашите умови во секој момент од нашите животи. Споменот за холокаустот треба да даде облик за тоа како се гледаме во општеството, кој или што е нашиот непријател, кои се нашите пријатели, со кои сме подготвени да формираме коалиции, како гласаме и како ги водиме нашите животи во иднина.
Доколку не ја вратиме нашата меморија за да ги подобриме нашите животи, ние повторно ќе станеме плен на опортунистички и неодговорни политичари кои го користат нашиот спомен за да го подигнат својот профил на меѓународно ниво, притоа оставајќи ги нашите луѓе на понижувања и насилството на мнозинството.

Mensur Haliti bašh Roma Press