Jekhfor dejbe lovengo dumo đji ko agor ano Marti, protokolija baš buti ano kafeanake objektoja save nanaj te oven diskriminiribnaja ki dikhin tar muzićarija.. Akala tane salde jek kotor tar o šov muzićarenge organizacie ani Makedonija anavkerde sar ,,MUZIKA AKANA”.
Te na kerlapes reguliribe baš akava so rodena von, iramale isi šajipe sa e muzićaren te diken olen ano droma thaj ano protestija.
Rodena sigo te ovel kan e vastalunen tar Rađi baš o muzičarija, sostar olengo akana namukhibe hango šhaj sigo te ovel but baro.
Еднократна финансиска помош до крајот на март, протоколи за работа на угостителските објекти кои нема да бидат дискриминирачки во однос на музичарите … се основните барања на шесте активни музички здруженија од земјава на чело со „Музика сега“. Во спротивно тие излегуваат на протести.
Музичарите се замолкнати. Имајте слух за нивниот молк! Тој силно знае да одекне.
Ова е пораката што на вчерашната средба со медиумите во Скопје ја упати Кординативното тело на шесте сродни музички здруженија до институциите на власта. Во него од крајот на јануари годинава членуваат Здружението за унапредување на правата на музичарите „Музика сега“, Здружението на естрадни уметници – Скопје, Охридски музички еснаф, Естрада – Битола, Естрада – Струмица и Сојузот на професионални музичари – Скопје.