Здружение за развивање на општествени дејности ,,Кхам Сијан” – Скопје по повод Светскиот ден на Ромите 8-ми Април како и јубилеј на 50 години од формирањето на првиот конгрес во далечната 1971 год. Денес на 8- ми Април промовира нова издадена книга насловена ,,Животот е знаење” – Đjivdipe sa đjandipe 50 прози и песни на Ромски јазик а истите се преведени на Македонски јазик од Севгул Абдула, предниот дизајн е рачно изработен од дипломиран дизајнер- уметник Дурмиш Казим.
На истиот ден 8 – ми Април направени се нови копии од музицирано цд со ромски поезии од Али Ѓунеш кои исто така ке бидат доделени бесплатно.
Токму целта на нашите проектни активности се да ги запознаеме младите Роми и не Роми со историските настани во кои биле вклучени Ромите и што сѐ им се случило, преку пишани песни и поезии.
Да се запознаат новите генерации со тоа што се можат да доведат стереотипите и предрасудите кон еден народ- Ромскиот.
Какви траги остануваат од секоја војна со
вклучување на новите генерации во градењето мир, соживот и безбедност.
Hazri kerga: Sevgul A.