Promocija tar dokumenti panle e ikheripnaja e đuvlane hakaja ano 6 dizja

839

Ano šov komune organiziringapes promocija tar analize thaj dokumento tar politike,,Resipe thaj lejbe than đji ikheripee valanipe baš e đuvla thaj čhajorija Roma upral savende kerdilopes zor thaj odova ano dizja Kičevo,Kumanovo,Veles, Prilep, Kočani thaj Štip”.

Во шест општини беа организирани промоции на анализата и документот за политики „Достапност и пристап до услуги за поддршка на жени и девојки Ромки коишто преживеале насилство врз жени во Кичево, Куманово, Велес, Прилеп, Кочани и Штип“.
Оваа анализа е изработена во рамките на проектот „Поддршка на жени Ромки да ги идентификуваат нивните потреби, да ги побараат своите права и да се зголеми пристапот до услуги за оние што преживеале насилство“, имплементиран од Националниот ромски центар, во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови“.

Авторка на извештајот е проф. д-р Стојанка Мирчева, вонредна професорка по Полиција и човекови права и раководителка на Катедрата за полициски науки на Факултетот за безбедност Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола. Таа е авторка на голем број трудови објавени во национални и меѓународни научни списанија. Нејзини главни области на истражување се насилството врз жените, ранливите групи и недискриминација, родовото чувствително постапување со жртвите во казнено правниот систем, правдата за децата, полициските овластувања и полициската организација.

Hazri kerga: Neđmedin A.-Roma Press