Reakcija tar i Partija DSR mujal o Ministeri Bujar Osmani..

1188

I Partija DSR bicavga peseskkri reakcija dji ko Roma Press mujal o aktuelno Ministeri bash avrune bukija, Bujar Osmani vakerindor avdive ano Khedipe anglal o bichalde bash ani them Makedonija pobuter na kherelapes diskriminacija upral disavi khedin (zaednica).

Teleder drabaren i reakcija tar o DSR ani Makedonikani chib.
👇👇👇
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска од Собранието на РМ, покрај останатото истакна дека во Македонија нема дискриминација кон одредена заедница. Исто така истакна дека, на било кој граѓанин од било која заедница да му се случи истото ( се мисли на претепувањето на Христијан Пендиков во Охрид)макар и на крајот на светот да се наоѓа, ќе го посети како тоа што го направил во Софија. Партијата Демократски сили на Ромите сака да ја потсети македонската јавност и Владата на Република Македонија пред само неколку месеци, во Штип од страна на полициски службеници брутално беше претепан и фрлен на кров лицето Ерсој Ибов кој е од Ромска националност.

Затоа јавно го прашуваме Министерот Османи или било кој друг функционер на Владата: ДАЛИ НЕКОЈ ГО ПОСЕТИЛ претепаниот Ром во Штип Ерсој Ибов?!
Што е превземено од страна на надлежните органи во врска со овој случај?!

ДСР како партија со демократски вредности постојано укажува за целосно дискриминирање на Ромската заедница по сите основи!
ДСР како партија најостро го осудува насилството врз било кој човек од било која заедница!

Во Македонија добар дел од политичарите генерално директно или индиректно не се свесни дека ги дискриминираат Ромите, а од страна на ДСР и Ромите во Македонија постои огромна недоверба кон надлежните институции и органите кои се надлежни за санкционирање на сторителите, односно оние кои дискриминираат, се вели во реакцијата на партијата ДСР.