Reakcija tar o RAN đji AVAJA..

1344

РАН ( Ромската асоцијација на новинари) одлучивме преку соопштение да го искажеме нашето незадоволство и игнорaтниот став на  ромското национално движење Аваја кон ромските вебтв портали.

Националното движење Аваја  по завршувањето на протестот кој беше организиран пред чешката Амбасада во Скопје , поради  смртта на Станислав Томас од Чешка, поради бруталносто на полициската интервенција, на својата ФБ група Аваја,  сподели скрин фото од неколку  неромски медиуми истакнувајки колку  медиуми известувале за нивните масовни протести во Скопје, иземејки ги намерно или ненамерно ромските веб портали,  кои  од почетокот на  настанот во чешкиот град Топлице,  известувале со секојдневни новости во врска со Станислав Томас,  споделувајки ги воедно и  протестите кои беа организирани од страна на ромските организации  низ цела Европа.

Истите медиуми кои беа игнорирани од страна на националното движење Аваја  на своите портали го објавија  соопштението до медиумите испратено од страна на Аваја, но не било објавено од ниту еден неромски медиум. Истите ромски медиуми известуваа  за одвивањето на протестот на Аваја во Скопје, но не се најдоа во скрин фототографијата на Аваја  како медиумска подршка за нивниот организиран протест.

Поради ваквиот став кон ромските медиуми, РАН која има цел да ги штити интересите на ромските медиуми и самите Роми новинари, преку ова соопштение бараме  од  Националното ромско движење АВАЈА да се произнесат  во врска со намерното или ненамерното игнорирање на  нашата медиумска работа со акцент на  покривање или реобјавување на  организацијата и самиот протест на Аваја  во Скопје, пред чешката Амбасада.

Извор: РАН