Reakcija tar Vastaluni tar Gerijatrija Skopje- Salija Ljatif..

2152

Pal pobaro čhingarutno hramipe ano Socijalno mreze baš o bukarnipe tar o Vlatko Kalcinoski savo deklariringapes sar Rom, aso i doš čivdi upral Direktorka ani Gerijatrija Salija Ljatif, anglal tikno vakti bičavga đi o Roma Press piri reakcija.
Drabaren ani Makedonikani čhib.

Долго време размислував дали да споделам свој став во врска со веста која ја шират одредени портали, чија задача им е да шират невистини и контрадикторности во врска со работењето на установата кадешто сум директор повеќе од 2 години.
Интересно, од уста не сум им излезена,ама барем по добро некогаш да споделат пошто многу направив јас и мојот тим, за пациентите, за вработените, за установата.
ДА, за дејноста!
Само едно не можам да сфатам, моите Роми.
Ах мои драги Роми, толку ли лесно ќе дозволите да не разединат,да ви ја поткопат довербата, после сите успеси што сте ги виделе годиниве наназад.Малку ли се?
Јас, како најмлада директорка во македонското здравство,успеав да ја трансформирам установата од завод во болница, успеав да вработам многу лица, особено важно Роми, од секој кадар : медицински,технички,помошно технички.Со мојата позиција, помагав и помагам многу Роми да добијат здравствени услуги во јавниот здравствен систем и многу важно,не Ромите да запознаат Ромка докторка, која ги руши стереотипите и предрасудите за Ромите кои владеат во ова стереотипно општество.
Жално е многумина од вас кои ме знаат и имале можност да побараат помош додека биле болни, нивните семејства, пријателите…мојот телефон секогаш им бил достапен а и ќе биде,јас нема да бидам како дел од вас!
На многумина од вас, ви понудив поддршка за работно ангажирање, доктори, сестри,економисти,правници и сл.ама сте одбиле,велејќи : ‘’не сакам да работам таму, да менувам пелени,платата е многу ниска,задоволна сум со договорот на дело кој го добивам од невладината организација’’ и сл.
Не знам дали знаете, ама ете да ви објаснам..согласно со новиот закон за административни службеници во јавното здравство, постапката во целост ја спроведува Агенцијата за државни службеници.Постапката трае прилично долго, кога завршува бројот на лица за кои упатив барање за вработување ми ја доставуваат како одлука за избор. Во однос на националноста, секој од кандидатите кои се пријавуваат се изјаснуваат како се чувствуваат во моментот,право кое не може да им се одземе.
Со ова сакам да ви кажам , дека се оградувам од било какво кршење на постапката,злоупотреба на службена должност и сл.

И на крај, спомнете не некогаш по убаво…
На пр. дека сме единствена установа од таков тип во државата ,за успесите кои ги достигнуваме во насока на подобрување на здравствените услуги за пациентите, вмрежување и голема почит и восхит од установите во странство.

Правете го тоа, го заслужуваме!

Со почит,
вашата Ромка !

DENDI ĐI REDAKCIJA ROMA PRESS