Republika Bugarija tar piri pratka vakcine mujal o Kovid 19 ka ulavelen e Makedonijaja..

672

Venko Filipče Ministeri baš sastipe ani Makedonija prekal poro fb profili havlarga, Republika Bugarija tar piri sakoja pratka tar vakcine mujal o Kovid 19, save direktno kinenapes tar proizvoditelija, kotor ka ulaven olen amencar amare phuvjaja. Akava javibako sine vakerdo ani raďaki beśin ani Sofija savo sine olen direktno lavkeripe.

Венко Филипче Министер за здравсво преку свпјот фб профил извести дека,Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде имав и свое обраќање.

Со оваа одлука, во нашата земја вакцини против Ковид-19 ќе стигнуваат во исто време, како и во останатите земји членки на Европската Унија.

Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70% од населението.

Според информациите од здравствените власти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра Зенека.

Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката, верувам дека во исто време ќе добиеме дел од вакцините, како и земјите од ЕУ.

Освен преку донација од Република Бугарија, нашата земја обезбеди вакцини и преку Ковакс механизмот. Европската Унија за земјите членки обезбеди 400 милиони вакцини и 100 милиони дополнително за земјите кои не се во Унијата, а вакцините може да ги добиваат со посредување на земји членки. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија Полска и Грција. Република Северна Македонија преговори и со произведувачите за директна набавка на вакцини и од нив.

Roma Press..