ROM-Partija bičhavga Reakcija-Havlaribe đji o medie

1021
Ерџан Селими

Havlaribe thar Romani partija ROM bašh o Liderikano khedipe thar Romane trin politikane partie SRM,OPER,PCERM thaj o Šerutno e komunako Kurto D. Ulavaja tumenge o info reakcija savi sine bičhalde ko medie.

По изјавите дека ромските политички партии се обединиле за поддршка на кандидатот за претседател Стево Пендаровски од партијата „Роми Обединети од Македонија“ ги демантираат овие информации. Во продолжение Ви ја пренесуваме нивната реакција:

Најнапред сметаме дека треба одредени работи на јавноста јасно да се разграничат, во насока на тоа дека ова не е обединување на ромските политички партии и не е никаква ромска лидерска средба, тука таа средба единствено може да се дефинира само како коалициско обединување кое што се прави по насока на нивниот наредбодател.

Единствена работа која ги поврзува сите овие политичари е тоа што нивните функции беа искористени исклучиво за нивните лични и фамилијарни интереси.

Оваа влада со овие наши ромски политичари кои се сега на власт, немаат ниту идеја, а уште помалку интерес за подобрување на состојбата на Ромите. Ако за 20 години овие инкогнито политичари не успеале да направат никаква позитивна реформа за својот народ, која е логиката и понатаму да им се даде можност и верува на овие погубни транзитни политичари.

Што сакаат сега да им продаваат на ромскиот народ? Дека многу се сакале, многу ги сакале Ромите и во име на таа лубов се здружиле сите заедно. Нивната приказна е веќе видена и прочитана. Ромите знаат колку вредат и што истите можат да понудат.

Нивното здружување збори само за стравот од одговорот на народот кој ќе го даде на 21-ви април. Народот многу добра знае во кое време подобро се живеело, и поради тоа Ромите ќе гласаат за проф. Гордана Силјановска Давкова, која ќе ја донесе правдата и правдина за сите, но и за ромската заедница.

Роми Обединети од Македонија – РОМ

O Havlaribe lendo thar partija ,, Roma Pašhakerde thar Makedonija-ROM ”