Ano poro fb.statusi o Srgan Amet – manus savo ano ko nevo vakti posakanutno dikhaja ole ano pobuter sikhlovibnaske seminarija ikherde baš manušikane hakaja, avdive fuhalime vakerla baš o na jek transparetno lav keribe ano medie thaj lav keribe baš o dive 27 tar akava čhon kana kerdo tano baro genocido thaj holokausti prekal pagibe manušikane hakaja upreder 6.000.000 milja manuśa thar manušikani ideologija. Pobuter drabaren thaj ki Makedonikani čhib..
На мои обуки и предавање на тема Човекови Права, секогаш велам дека заедницата која е свесна за својата историја е поверојатно да се гледа себеси во иднина со доверба. Уште поважно, потребно е чувство за историја, со цел да се врати достоинството и да се поттикнат жртвите од масовното кршење на човековите права да станат актери за борба за обезбедување на човековите права и слободи за сите.
27 Јануари, целиот Свет се сеќава на Геноцидот и Холокаустот кој што беше направен врз повеќе од 6,000,000 луѓе од страна на расната идеологија на Хител.
Цел свет!
Кај нас освен Претседателот на државата, ниеден политичар, медиум или организација не излезе со некоја порака. Кај нас речникот и реториката на Обвинители, осомничени лица итн е многу поинтересно како вест и информација, отколку да се подготви некаква репортажа со информации за денот, за историјата итн итн.
Живееме во очај, со омраза и завист како да му наштетиме на другиот по цена и самите да си наштетиме на себе си. 27 Јануари не е само ден во историјата, тоа е ден каде се сеќаваме зашто денеска живееме или не живееме како што треба. Размислите и погледнете 👀 малку назад во минатото, ќе знаете многу за секогашноста, а ќе бидете спремни за иднината. Разбудете се!
ROMA PRESS