Tar erat ko 21:00 tavdela saste vikendesko namukhibe phiribe ano Skopje thaj avera dizja hem thana..

962

Ani eratutni bešin e Rađjaki, ikerde e anglal akharinensar  tar Komisija baš zaraznikane nasvalipa anelapes  e palune lafija te šhaj sigo te kerelpes reakcija tar na mukibe te buvlovel o nasvalipe maškar e manuša.

Anelapes sasto namukhibe phiribe sa e dizutnenge  tar Skopje( sa e skopjeskere komunenge),Kumanovo, Lipkovo, Śtip, Tetovo, Bogovine, Brvenica, Tearce, Želino thaj Jegunovce o tavdipe e na phiribnaske tar Štarto di (Četvrtok) tar 21:00 o ari rakako thaj ka tavdel sasto vikendi đji ko jekto di e neve kurkeske  (ponedelnik) ano 05:00 ari javinako ( 08 Juni anglal o sabahesko).

На вчерашната седница на Влада, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, ги донесовме следниве одлуки со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот.

Се воведува целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот.m

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро. Во сите останати општини, во петок, сабота, недела забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

Петок (5 јуни) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

Во периодот од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен во случај на погреби.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Остануваат да важат сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени, особено за економските оператори и за работа организирана во смени. Прошетката на милениците (кучињата) ќе биде во периодите 08:00 до 8:30, 15:00 до 15:30 и 20:00 до 20:30 часот. Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Hazri kerga:Roma Press lendo profil FB.Venko F.