Z. Zaev ka del bahani đji ko Khedipe vov te ikherel o than Premieri thaj ministeri bašh finansie

871

Претседателот на Владата Зоран Заев покрај премиер ќе биде и министер за финансии.

Заев на денешниот настан за отворање на втората фаза од системот за наводнување Јужно-Вардарска Долина во Валандово, објави дека тој ќе го води Министерството за финансии во наредниот период, не исклучувајќи ја можноста менаџер на државната каса да биде до следните парламентарни избори.

„Обврската за министер за финансии, покрај премиерската функција ќе ја вршам јас одреден период. Оваа одлука ја донесов заради тоа што оваа година ќе биде година за економијата. Тевдовски ќе работи околу мене, како советник. Следуваат храбри одлуки од кои бенефит ќе имаат сите граѓани“, рече Заев.