Колумна-Елма Д. Инспирација од Мирка Гинова”Мирка и Ние”

1465

МИРКА ГИНОВА БЕШЕ СТРЕЛАНА ВО 1946 ГОДИНА , ГОРДО ИЗВИКУВАЈКИ : ЈАС СУМ МАКЕДОНКА.
Се борела за слобода и демократија на Македонците во грчка држава. Дури и пред очите на смртта по стрелбата не останала малодушноста, повторно гласно кажала дека умира за честа за нешто во што цврсто верувала.

Друго зборам…..мислам, гледам и доживувам. Нема да зборам за Мирка ама ќе зборам за Мирка во сите нас. Ако таа имала забрана за изразување на јазик, култура и слобода на изразување и декларација на идентитет во грчки дел…. Тоа било ужасно тешко, многу се откажале и продолжиле по наредбите, нашуштале, бегале, но таа не. Би умреле ли вие за Вашата држава?
Најпрвин да разјасниме не е вистина дека ние Ромите немаме наша држава. Твоја држава е онаа во која се раѓаш, во која го оформуваш твојот идентитет и остваруваш твоите права за живот но и подлежиш на обврските кон истата.

Секако, ПОДЛЕЖИШ НА ОБВРСКИ КОН ИСТАТА, едноставно имав чувство да го повторам. Каде застанавме, дали би умреле за “вашата” држава? Веднаш имам неколку одговори на лагер од страна на Ромите ( хипотетичко парафразирање или карикирам):
1. “Што ни возвратила нашата мајка-држава па да умреме за неа?”
2. “Мене оваа држава не ме третира за еднаков граѓанин за да го дадам мојот живот за истата.”
3. “Не приметува некој па да се изборам……” и така натака
Другата страна: ( повторно хипотетичко парафразирање или карикирам)
1. “Ромите не прават ништо во прилог на оваа држава”
2. “Ромите наштетуваат, живеат на улици и ништо не работат”
3. Ромите се необразовани,……….. и не подлежат на обврски кон државата
Генерализирани ставови, вистина -невистина, мнозинството победува, НО едно големо “НО” е дека секој неуспех на заедница/ малцинството или етникум е уште поголем неуспех на едно општетсво т.е. на државата во која живеат. Кој знае ќе разбере!!

Заклучок: обострано незадоволство!!!! До тука!!!

За да бидеш родител не е само да го родиш или направиш детето, велат родител е оној кој се грижи за тебе, те чува во добро и лошо, те школува, мисли за твојат иднина и за секој твој направен чекор. Не мора некој да те роди за се ова да го направи. И секако, се раѓа обостраната љубов, детето сака да ја возврати љубовта и може не со иста мера но барем да најде начин да се заблагодари и да ја врати прегратката на заштита што ја чувствуваше постојано. Ова е метафора за земјата во која се раѓаш како родител и како мајка а граѓанинот е детето. Ајде сега… заедно размислите ги улогите низ минатото на Мирка и нашата.

Уште за време на Првата и Втората светска војна… Ромите биле дел од многу партизански движења дури и во единиците на Третата Македонска ударна бригада за Македонија. Да не ги споменувам Ромите жртви на геноцидот од нацистите и сојужничките режими. Многумина од нив биле војници на фронтот и курири и добро познато е дека по ослободувањето на Македонија многумина од нив добиле признание од тогашна Југославија за нивните придонеси. ……. Како и секој што треба да направи за неговото парче земја.
Со што друго се мери љубовта кон татковината, со што се докажува идентитетот на тлото каде стоиш… ако не со жртвување на сопствениот живот.
Значи… Мирка ја има во сите нас, Мирка се слави до дене денес и секоја чест така и треба. Затоа на секој 26 јули се поклонуваме на нејзиниот споменик.

Во име на единствените докази од историјата, во име на човечноста, во име на иднината на секој кој гради живот овде, кој го шири својот идентитет, придонел, зголемил бенифиции во секој сегмент на една мала држава, во ред ли е на некои граѓани и “контејнерите дури да им се остават празни” . Во има на жртвувањето на сопствениот живот низ историските факти во ред ли е бојата на кожата да одлучи каде ќе бидат низ слоевите. Неможеме еднакво да бидеме успешни но можемевме да бидеме човечни и да почитуваме капацитети за статус без оглед на нацоналноста. Тогаш и сега е исто….. што ли ја променила волјата за зачувување на сопственото тло, па уште и се појави тензија меѓуетничка, меѓучовечка секаква…
Велиме.. нема полошо од глад од војни од болести, се додека овие работи физички изгледаат подалеку од нас… секогаш ќе биде побитно да не те сакам зошто си подобар, да не те сакам зошто си потемен, да не те сакам зошто немаш услови како да се избориш да застанеш пред мене.

Жално но вистинито. Едно од најголемите искушениа може многу лесно до допрат до нас и тогаш ли ќе ја изгубиме совеста за заедништо, за заедничка татковина и тогаш ли ќе ја изгубиме мислата на Мирка за која го даде сопствениот живот? Мирка била Македонка која за борела за нивните права во грчка држава. Ромите кои живеат во Македонија се бореле, умирале за ова парче земја а сега се борат некој да ги забележи, некој да им пружи рака и некој да им верува. Да, ги има на улици ги има на ниски позиции, ги има и на високи но патот да стигнат до таму еден ден ќе стане генетика да испливаат на површина и да се создаде гнев кон сите други останати, зошто е суров, многу суров.
Човештвото и заедништвото никогаш не смее да умрат насекаде низ светот а особено меѓу оние кои делат парче земја, во спротивно агонијата ќе надвладее и ќе останеме празни.

П.С. “Биди Мирка и живеј ја нејзинита мисла заеднички.. за мене за тебе за нас за сите”

Aвтор:м-р Елма Демировска

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)