Информирај се! Секој може да биде жртва на трговија со луѓе: Онлајн кампања на РАЖМ „ЛУЛУДИ“

1589

Информирај се! Секој може да биде жртва на трговија со луѓе: Онлајн кампања на РАЖМ „ЛУЛУДИ“

Ромската невладината организација „ЛУЛУДИ“ започнува кампања, преку дистрибуција и промоција на социјалните мрежи  (ФејсбукИнстаграм) како и нивната  (веб-страница),за едукација и подигнување на свеста кај младите и општата популација, со цел препознавање на најчестите форми на трговијата со деца и девојки. Оваа кампања ќе се одвива во периодот април – мај 2021 година, а е во рамки на проектот „Сите заедно во спречување на трговијата со деца и девојки“, финансиски поддржано од Европска Унија и Советот на Европа, во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа –Хоризонталeн инструмент за Западен Балкан и Турција“ (Horizontal facilitiy II) 2019-2022 година

Оваа кампања ќе се води под слоганот „Информирај се! Секој може да биде жртва на трговија со луѓе“ подготвени од страна на средношколците од 9 средни училишта од Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп и Штип, како активни актери во општеството, млади лидери – промотори во спречување и превенција од трговијата со деца.

Во подготовката на промотивните видеа учество земаат ученици од средните училишта: СОУ „Никола Штејн“ – Тетово, СОУ „Орде Чопела” – Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп, СОУ „Димитар Мирасчиев“- Штип, СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип, СОУ „Јане Сандански” – Штип, СОУ „Перо Наков“- Куманово, СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје и СУГС „Арсени Јовков“ – Скопје.

Соодветната едукација и препознавање на формите на трговија со луѓе е клучно за да знаеме како да се заштитиме, како да реагираме, како да постапиме, и како истото да го пријавиме. Соодветната едукација ќе придонесе кон поголема заштита и превенирање младите да не влезат во синџирот на трговија со луѓе.“

Статистиките покажуваат дека милиони млади и деца, жени, но и мажи, секојдневно се принудуваат на сексуална експлоатација, принудна проституција, принудно питачење, и на други видови принуди. Проценето е дека на меѓународно ниво има помеѓу 20 и 40 милиони луѓе, кои се жртви на трговијата со луѓе. Според деветиот Генерален извештај на ГРЕТА, објавен март, 2020 година, во Европа е забележан тренд на зголемување на идентификувани жртви на трговија со луѓе за 44%, додека бројката на идентификувани жртви на трговија со луѓе во Европа во 2018 година била околу 15.300 лица.

„Во Македонија бројот на идентификувани жртви на трговија со луѓе во 2018 година е 9, од кои поголемиот дел се малолетни лица. Според Извештајот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, 2019 година во РСМ од страна на институциите се идентификувани 6 жртви на трговија со луѓе, од кои 4 се деца, од женски пол. 86 потенцијални жртви на трговија со луѓе и тоа 67 женски и 19 се машки; од кои: 62 лица под 19 години, додека 24 лица се на возраст од 19-50 години. Во РСМ злоупотребата на деца преку присилна сексуална експлоатација, присилните бракови и трудовата експлоатација се доминанти форми на трговија со луѓе, а најголемиот број евидентирани деца жртви на трговија се женски деца на возраст од 14 до 16 години.“

Активностите во рамки на проектот „Сите заедно во спречување на трговијата со деца и девојки“ РАЖМ „ЛУЛУДИ“ ги спроведува во директна соработка со локалните организации: Здружение на мултиетничко општество за човекови права-Штип, Центар за ромска заедница „Дром“ од Куманово, АДРР „Сонце“ од Тетово , Рома Перспектив – Прилеп и ЗГ „Ромаверзитас“- Скопје и со средните училишта: СОУ „Никола Штејн“ – Тетово, СОУ „Орде Чопела” – Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп, СОУ „Димитар Мирасчиев“- Штип, СОУ „Коле Нехтенин“”- Штип, СОУ ,,Јане Сандански” – Штип, СОУ „Перо Наков“- Куманово, СУГС „Шаип Јусуф“- Скопје, и СУГС „Арсени Јовков“ – Скопје, и со поддршка од Министерството за образование и Бирото за развој на образованието и општините: Град Скопје, Тетово, Штип, Куманово и Прилеп.
РАЖМ „ЛУЛУДИ“ заедно со своите соработници и вклучените средни училишта ги повикуваат сите млади, возрасни граѓани, невладини организации, институции и медиуми да бидат дел од оваа едукативна кампања со цел адресирање на овој проблем во општеството, преку споделување на видеата и информативните пораки од средношколците преку своите канали за комуникација. Со ова сите заедно ќе придонесеме младите и општата јавност да се едуцираат, но и да знаат како да ги препознаат и избегнат можните случаи на трговија со луѓе. Како крајна придобивка од оваа кампања ќе биде охрабрувањето на жртвите или нивните блиски да пријават доколку забележат злоупотреба.

Повеќе информации на: https://bit.ly/2QYoAFR , ако линкот што е поставен во документот не ви го отвара може следниов да го искористите http://luludi.mk/mk/%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B8%D
Повеќе информации на: https://bit.ly/2QYoAFR
Лице за контакт
Инес Џемаил
070/246-787
[email protected]

Roma Press