Градоначлникот Курто Дудуш оствари средба со г-дин Акиф Кариман од Здружението за јакнење и организирање на ромската заедница и член на транс-националниот тим за поддршка на организирано делување на Ромите во Европа.
На средбата се разговараше за тековните политички случувања во Европа и Македонија и позицијата на Ромите во тој контекст. Исто така, беше дискутирана потребата од воспоставување на соработка со цел имплементирање на иницијативи и проекти за подобрување на положбата на Ромите во Шуто Оризари.
На средбата беше претставена идејата за транснационално организирање на Ромите, која беше пречекана со поддршка и интерес за учество од страна на Градоначалникот Курто Дудуш.
На вонредната седница на Советот на Општината се одржа едноминутен молк во чест на жртвите за време на сериските напади и убиства, Г-динот Акиф Кариман да ја претстави 10 годишнината од сериските напади и убиства на Ромите во Унгарија и беше прочитано писмото на ромските активисти од Унгарија.
Г-динот Кариман ја искажа својата благодарност на градоначалникот Курто Дудуш, Претседателката на Советот г-ѓа Фатима Османовска и на целиот Совет на Општина Шуто Оризари за демонстираната спремност ,солидарноста и поттикнување во борбата за остварување на правата на Ромите, не само во Шуто Оризари, туку и во цела Европа.