Talat Djaferi – Bahtarela e dizutnenge o 1-go Maj dive e bukarnengo

439

Presidenti tari Radji Republika Utarale Makerodnija,bichavga bahtarin dji ko dizutne bashno 1-go Maj.
Bichalava but baro sastipe thaj baro ovensaste dji sa e dizutne bukarne,ano akala phare krize taro sastipnasko thaj energetsko aspekti, tumen dena tumendar sa ko tumaromprofesionalno buthi kjeripe.

Ko anav tari Radji Makedonijaki, bahtarava sa e dizutnenge o 1-go Maj,Maskarthemutno dive e bukarnenge.
👇👇👇
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери, упати честитка до граѓаните по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Во продолжение на ова соопштение, ви ја пренесуваме интегрално честитката на премиерот Џафери:
Денес е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, и, покрај честитките, дозволете да изразам и огромна благодарност до сите почитувани работници кои и во овие тешки околности на глобални кризи од здравствен, енергетски и економски аспект, посветено, одговорно и професионално придонесуваат во јакнењето на издржливоста, растот, развојот и конкурентноста на економијата во Република Северна Македонија.

Како идна земја членка на Европската Унија, наша заложба е да ги штитиме работниците и да осигураме еднаков и фер третман за нив од работодавачите, бидејќи секој работник е пред сѐ, човечко битие кое заслужува почит и достоинствен живот.

Во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое лично име, ви го честитам 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот“.

Roma Press-Radji Makedonijaki.