Интервју со Јосиф Абитан директор на Раби центарот Michelet – директор на Талмуд Тора – одговорен во богослужба во регионот на Алпес Маритимеs

2650

МС:Господине Абитан, дали досега еврејската заедница имала било какви контакти со ромската заедница во овој дел на Франција?

Joсиф Абитан: Не би сакал да ве разочарам но вие сте првиот ромски преставник кој побарал контакт со нашата заедница и благодарам што ете најпосле сум запознал лице од ромска припадност.Жално е да се биде нем посматрач на јадните Роми који секојдневно ги гледаме на улица без покрив над главата и без икакви срества за живот, тие групи кои ги среќаваме секојдневно не се Житан, Мануш или Кале со кои ги препознаваме овдешните домицилни Роми туку групи кои доаѓат од посткомунистичките држави Романија ,Бугарија и така натаму.

МС: Вие пред две недели ја добивте мојата работна тема со наслов Ромите потомци на Античките Евреи, кое е вашето мислење во врска со ова истражување ?

Јосиф Абитан : Морам да признавам дека со сласт го имам читано материјалот кое ми го испративте.Многу малку знам за историјата на Ромите, но уште помалку за ова теза која ја работите, едноставно ми дадовте задача да читам да истражувам, па дури имав и неколку контакти со наши Рабини како во Франција така и во Израел во Тел Авив од каде се информирав повеќе од што порано знаев.Ова ваша теза не е нова за многумина изреалци па дури ни за Институтот на израелската дијаспора во Тел Авив.Уште многу одамна се сомневаа дека Ромите се можеби едни од десете изгубени Антички Евреи од пред 3500 години п.н.е, е сега, зошто ова истражување не било поткренато тогаш не можам точно да потврдам, moжеби Госпдовата воља е во време кога тој ќе посака тоогаж а можеби времето е сега.

МС: Во последните неколку години откриени се неколку групи на изгубените деца на Израел.53 припадници на едно село од североистокот на Индија биле прифатени од врховниот рабин на Израел како деца на племето Манеш, друга група е пронајдена во Етиопија како припадници на племето Дан и трета група во Јужната Афричка држава племето Лемба. Како се наоѓат овие изгубени израелови деца ?

Јосиф Абитан: Точно така, за овие групи е потврдено дека се деца на одредени племиња на Израел.Денес благодарение на интернетот молскавично може да се дојдат до информации кои се потребни да се покрене истражување на одредена група за кои самите велад дека се припадници на едни од племињата на Израел.На пример ете вие преку ова ваше истражување кое најверојатно ке биде објавено како интервју, документарен филм , или онлине публикација ,може да стигне до некој од нашите рабини или историчари кои потоа ќе направат истражување за ова група која мисли дека е сродничка со нашата.

МС: Кои услови се приоритетни во докажувањето дека некоја група е потенцијален потомок на Античките Евреи?

Јосиф Абитан:Вие на почетокот на разговорот ми рековте дека ја знаете Тората нашата Света Јудејска книга, тогаш сигурно знаете дека Мојсеј имал напишано морални закони кои се држале под заветниот ковчег во шаторот на Светата Светиња,со тие закони ние се разликувавме од ругите групи на народи.Значи секој кој мисли дека е припадник на едни од нашите изгубени племиња би требало да негуват барем дел од овие морални закони како што е светковањето на саботата, обрезувањето на децата по една недела од нивното раѓање, индетични имиња со еврејските, како и други традиционални обичаи со кои се препознава нашата култура. После овие налази се оди на земање на ДНК со која би се утврдило приближните вредности на таа група со Израелците, но, и не е морално доколку споменатите услови се исполнети.Ние не ги бараме, тие нас не барат, и тогаж кога ќе ги најдеме, тогаж ги прибираме.

МС: Дали тоа значи дека Ромите кои живееат во различни делови на светот, со различни религиозни традиционални и културни разлики со Еврејската нација не може да биде можен потомок на едни од племињата на Античките Евреи?

Јосиф Абитан:Не, напротив Ромите се народ или група која со векови била асимилирана , против своја воља прифатила пагански обичаи.Тој е народ кој сеуште лута од место до место, тој е едниствената група која нема сопствена држава и народ кој сеуште ниту една држава не ги прифатила како своја дијаспора. Нашиот Бог Елохим, нашите предци ги казнувал поради нивната не послушност, но неговата намера еден ден да ги собере од сите страни на светот својот мил народ ке се оствари,оти Тој никогаш не го има вратено својот збор назад празен.Верувам дека тој има план кога каде и како ќе го открие оригиналното потекло на Ромите.

МС: Дали мислите дека Ромите се можни сродници со Древните Евреи?

Јосиф Абитан: Искрено постои можност, како што реков малку истражував , и наоѓам на интересни допирни точки со Израелскиот народ,монотоизмот, во кој нема политеистички или пантеистички верувања,веруват во духовен свет кој се состои од чисти и нечисти духови која преставува еврејска концепција,верувањето во смрт како дефинитивен премин до духовниот свет,мртвото лице е нечисто во текот на неговиот пат кон царството.Да ја земеме музиката како пример мелосот на изворната музика е многу блиска со нашата изворна музика, вие сами рековте дека во блиска прошлост но и сега во некои ромски групи постоји племенски суд, вие самите рековте дека многу слаб процент е на ромски мешани бракови, тоа се исто така индикатори дека можеби сме еден те ист народ, постојат можни сличности кои не би можел сега да ги набројувам.

МС: Она што е најголема допирна точка е Холокаустот на Евреите и Ромите во времето на 2 -та Светска војна , дали можеби Хитлер знаел нешто уште во тоа време за блискоста на Ромите и Евреите?

Јосиф Абитан:Болно сеќавање и за нашиот и за вашиот народ, но ова не е единствениот геноцид над Евреите,ако добро ја знаете историјата, за време на Инквизицијата, Црквата ги гонеше Евреите низ цела Европа, Евреите за нив преставувале неверници, богохулници, најголемиот геноцид во тоа време се случило во Шпанија во времето на кралот Карлос кога иљадници Евреи биле прогонувани и убиени, само затоа што се Евреи припадници на народот кој го издал нивниот Бог Исус Христ. Таквиот начин на размислување го имало Хитлеровата машина за убивање на Евреите и Ромите во концетрационите логори, Хитлер ги презираше Евреите од причина што како светска популација нивниот број во тоа време инесуваше само 00,1% од вкупното светско население, а 26% од светките научници експерти доктори на науки физичари хемичари и така натаму се Евреи, Хитлер не нарече дека сме паразити и дека не сме имале право на избор на живот. И ние како и вие со векови бевме прогонувани, угнетувани, Дали ја делиме истата судбина, и тоа е прашање за кое треба стручни експертизи, како кај вас така и кај нас, кога сме биле ослободени од Медо Персија зошто некои племенски групи наместо да се вратат во Израел го продолжиле патот кон далечниот исток,зошто Ромите кога побегнале од Индија никогаш не се вратиле назад во како што велат нивната земја на потекло. Денес со растот на радикализмот во Европа најмногу расте и Антисемитизмот и Антициганизмот, зарем ова не се поистоветни додирни точки кои се индикатори дека припаѓаме на еден народ .Најголемата разлика според мене е образованието кој кај Евреите е многу голема и обавезителна што не е случај со Ромите. Евреите денес се едни од најбогатите луѓе во светот додека Ромите се едни од најсиромашните во светот.

Доколку немате други прашања би сакал само да кажам дека од Тел Авив добив информации дека во Израел има една група на Роми дојденци пред неколку години кои имаа традиционални обичаи врзани со нашите културни и култ традиции, на таа група врховниот Рабин на Израел им додели статус на Јехуд што значи оригинален Евреин.

Јас ви посакувам среќа во вашиот понатамошен напор кон ова прашање со позитивен исход, се надевам дека ќе го пронајдете одговорот.Јас ви стојам на располагање колку што можам да помогнам , со тоа што ќе испратам писмо до Институтот за Израелската Дијаспора во Тел Авив како би можеле од лице место да ја користите архивата , контактите со повеќе рабини кои работат во откривањето на изгубените племиња на Израел и голем број на генетичари и историчари .

МС: Ви благодарам и на вас почитувани господине Абитан за вашето време и раговорот кој го водевме со вас.

Интервјуто го водел Мозез Соломон (Мухаџер Сулејман,извадоците како и укажувањата му припаѓаат само на авторот на текстот,исто така пишаниот текст е надвор од уредувачката политика на Рома Пресс.