Tikno o interes taro dizutne te pisinen peskere chavoren ki skola.. video

757

Sajdime drabatutne teleder ka pendaren tumen informacijaja vakerindor podatokoja bash o sikhlojbasko avgo bers, chavore save trubuj te pisiinenpes ko so duj komunake siklane Phrajla Ramiz thaj Hamid, sar hem 26-juli.
Teleder kergem intervju e Direktoreja taro BRH rajo Alvin salimovski,savo vakerela amenge o paluno vakti pisibnaske e chavoren tano ko 31.05.2024 bers.
Palo adava kergem jek anketa e dizutnencar tari Komuna Suto Orizari, kobor e Roma ko vakti pisinena pere chavoren ko skole.

Dikhen teleder👇

Трендот на ниска заинтересираност на родителите-Роми навремено да ги запишат во прво одделение своите деца продолжува и во учебната 2024/25 година. Иако основното образование со Законот за основно образование е задолжително за сите деца во земјава, интересот за запишување во скопската општина Шуто Оризари е мал.
Општинското основно училиште „26 Јули“ во Општина Шуто Оризари – Скопје во моментов врши запишување на децата во прво одделение за учебната 2024/2025 година.
Според актуелниот Закон, во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот, е должен да го запише детето, кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. Во учебната 2024/2025 година во прво одделение треба да се запишат деца кои се родени во 2018 година.
Училиштето „26 Јули“ ги информираше родителите дека уписите и утврдувањето на подготвеноста на детето за да оди во училиште, задолжително ќе се одвива во периодот од 09.05.2024 до 31.05.2024 година во училишните простории, и тоа секој работен ден во термините од 09:00 до 15:00 часот.

Според списокот добиен од Министерството за внатрешни работи, годинава во прво одделение во Општина Шуто Оризари, во двете основни училишта треба да бидат запишани околу 600 првачиња.
Директорот на Општинското основно училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ Алвин Салимовски вели дека досега бројот на запишани деца во прво одделение е нешто поголем од 30 деца, што според него, е премногу мал број во споредба со потребниот, имајќи го предвид фактот дека уписите завршуваат на 31 мај 2024 година.
Во продолжение проследете го целосното интервју со директорот на Општинското освно училиште Алвин Салимовски👇

Состојбата со намалениот број на ученици кои се запишуваат во прво одделение е разгрижувачка не само во Општина Шуто Оризари, туку и на територијата на целата земја. Ако во учебната 2018/2019 година, на територијата на цела Македонија во основните училишта се запишале вкупно 22.130 првачиња, оваа бројка веќе во учебната 2022/2023 година е намалена на 20.932. Слична е состојбата и со вкупниот број на ученици коишто посетуваат настава во македонските основни училишта.
Па така, во учебната 2008/2009 година во школите посетувале настава 213.253 деца, додека во текот на минатата учебна година во основните училишта биле вкупно запишани 183.865 ученици, или за загрижувачки 30.000 деца помалку споредено со состојбата од пред повеќе од една деценија.
Намалениот наталитет на населението во земјава, масовното заминување на граѓаните на работа во странство и серија на други загрижувачки причини доведуваат до проблемот со намалениот број на запишани деца во прво одделение.
За да го дознаеме мислењето на граѓаните, во Општина Шуто Оризари направивме анкета за да добиеме одговори за тоа колку е важно образованието и навременото запишување на децата во образовниот процес.
Граганите пред камерата на Рома Пресс укажуваат за важността и големата потреба дека децата треба да бидат навремено запишени за отпочнување на образовниот процес, зошто само со образование може да ја смениме фактичката состојба на ромите во сите сегменти од секојдневието на Ромите.
АНКЕТА СО ГРАЃАНИТЕ👇

Проблематичната состојба со намалениот број на ученици во прво одделение во земјава беше критикувана и од Европската Унија, па така во последниот Извештај на Европската комисија од 2023 година за напредокот на С.Македонија на европскиот пат се наведува дека дури 3% од македонските деца на возраст од 15 години не посетуваат настава, иако по закон е задолжително основното и средното образование. Па така, во овој Извештај се наведува дека во учебната 2021/2022 година во основно образование биле запишани 96,63% од децата во земјава.
„Во учебната 2022/23 година, 4.429 деца Роми се запишале во прво одделение од основното образование, а граѓанските организации идентификувале 202 незапишани деца. Сè уште е релативно висока годишната стапка на децата Роми што предвреме ги напуштаат основните училишта. Според Министерството за образование и наука, 93,17 % од учениците Роми останале на училиште и по учебната 2021/22 година, а 6,83 % заминале“, се наведува во Извештајот на Европската комисија.
Од ЕУ ги критикуваат македонските власти дека не постојат систематски мерки за спречување нередовно посетување на настава или за реинтеграција на децата што го напуштиле образованието или за систематско спроведување на задолжителното основно и средно образование како што наложува законот.
Директорот на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“, објаснува дека постапката на запишување во школо ја спроведува комисија за упис на деца во прво одделение, која е формирана со одлука на директорот.
При запишувањето на детето, задолжително е присуство на неговиот родител/старател.
Од ова основно училиште ги информираат сите родители дека на денот на уписот на нивните деца, задолжително треба да се достават следните документи: фотокопија од извод од матична книга на родени за детето, лекарска потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа-оригинал, а во прилог и задолжително треба да се достави фотокопија вакцинален картон на детето, потврда за офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена институција-оригинал, потврда за стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена институција-оригинал и лична карта на родителот/старателот (на увид). При запишување на детето со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот, е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ-оригинал.

Hazri kerga:Roma Press