Елма Д.Колумна-Како да го најдеш твоето место во градина полна орхидеи

342

Да растеш во поинакви услови таму каде си “помал”, поинаков од сите други, таму каде на челото не пишува дека еднакво можеш, сакаш и ќе успееш…. потребно се поинакви техники и “гневна верба” во себе без притоа гласно да говориш за болката туку да “газиш” за лична самореализација и оддалечување од пропаст.

“Ти помалку можеш”,“Ти помалку знаеш” не треба да ја намали самодербата, напротив научи се од мали нозе да си докажеш себеси деке е лесно, останатите нема да забележат дека си различен а всушност си.
Што значи тоа…….Интеркултурализмот вели, разликата се потенцира и задолжително се почитува. Во услови кога кај “различниот”нема доверба а тој се истакнал без да застане на пола патека за тркање веќе е создадена почит а доколку не е ОРХИДЕА нема простор за девалвација на неговите вредности.

Во ваков случај тој се реди во иста линија за тркање во градината на орхидеи.
Верувам во сите проекти за подобрување на состојбата на различностите во опшеството, но колку поединецот се обидува без ничија помош да најде авторитативно место еднакво или повисоко од мнозинството секогаш е прашање. Никој и никогаш не може да ви ја одземе сопствената верба, знаење, умешност и храброст. Доколку концентрацијата не е насочена на поголеми побарувања различни од мнозинството односно кога сте насочени на вашата лична сатисфакција, не може да не се види истото. Кога ќе видат борба која цели кон надоградба на секој слој во едно здраво опшество се создава факт кој и во теоретска смисла вели дека е еден од најважните за минимизација на стереотипи и создавање соживот.

Заради сето ова, ако си “различен”, па дури и ако си ја искористил картата за полесен старт со помош на донираните проекти…… издвои се со индивидуален успех, биди различен од различните, биди ПОуспешен од мнозинството зошто твојот старт бил полесен… биди украс на нацијата со која се носиш, покажи го успехот со помош на мнозинството да разбиеш предрасуда и поттикнеш срам кај мнозинството за појавениот стреотип….. но не со самосожалување на име на нацијата туку со интелектуална војна и доказен статус…. КАДЕ И КАКО СТОИШ.

Биди дел од сите свери на политичкиот свет, уметноста, просветата, бизнисот и др. Застани цврсто најпрвин за себе и твоето семејство.. биди пример за твоето дете за да продолжи традицијата. Сето ова ќе придонесе твое место во градината со орхидеи. Ќе донесе став исто како кога цветот е толку шарен и свеж што со гордост и почит ќе прашуваат дали поливањето е поквалитено од нивното и дали можеш да го поделиш.

Автор:м-р.По Интеркултурни студии.