Колумна-Пописот и политиката на Ромите во Р.С Македонија – Севгул Абдула

3079

Пописот на населението од 1991-та година беше со нецелосен опфат, во 1994-тата година повторно се спроведува попис на население (нетипично) во рамките на истата декада. Пописот на населението од 1994-та година, е прв попис во Република Северна Македонија по нејзиното осамостојување.

Додека пописот на населението од 2002-та година е последниот успешен спроведен попис на население во Република Северна Македонија. Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни, ажурни и меѓународно споредливи статистички податоци за демографската, социо-економската структура на населението и домаќинствата, заради задоволување на потребите на државните институции, безбедносната политиката, макро-еконмската политика, општата политика, бизнисот како и корисниците во државата и странство.

Пописот пак кое беше започнат во 2011-та година бил неочекувано и за јавноста сеуште нејасни околности откажан. Денес фицијално располагаме единствено само со застарените податоци добиени од последниот успешно спроведене попис од далечната 2002-та година, ревидирани сеуште нема.

Политичкото движење на Ромите

Во делот на политиките кои ќе ги поддржувам(е), би сакал да сме и тука на чисто. Генерално ги поддржуваме сите политики на оваа или друга идна влада, бидејќи познато е дека владите и политичарите се менлива категорија, кои тежнеат кон унапредување на вашите права, но исто така и на нашите, на Ромите. Тука многу важен момент е да не се занемарува дискриминацијата која се уште постои кон Ромите или дискриминацијата кон која било друга етничка заедница.

Поддршката традиционално била секогаш дадена од ромската заедница, но гаранцијата за подобрување на општественото живеење на Ромите останува само еден голем знак „?„. Поради големата досегашна незаинтересираност за демократскиот развој на Република Северна Македонија од страна на политичките чинители, се чини дека ние се уште ќе останеме само со декларативни гаранции во секое политичко делување. И тогаш се поставува прашањето „Зошто„?

Интеграцијата како збор значи спојување на сите делови во една голема целина, но да не се занемарува фактот дека целина од само два ентитета без другите не е интеграција. Таквите процеси водат кон разединување и маргинализација на ромите во Република Северна Македонија.

Можеме да видиме дека пристапот кон „црниот„ народ сеуште не е еднаков и овој народ не е еднакво прифатен и почитуван, За жал, кај нас сеуште постои расизам, говор на омраза и насилство на мнозинството врз малцинството. Тоа секојдневно имаме прилика да го гледаме преку медиумите, социјални мрежи и веб порталите.

Но, дали правиме нешто по однос на тоа? Дали се трудат Ромските политички претставници на такви дејствија да реагираат или мудро ги занемаруваат таквите случувања со цел да не го изгубат своите места и својата лична сатисфакција. Продолжуваме да си молчиме, и си велиме: – Добро, ќе има некогаш и подобри времиња и случувања кон самите нас. АМА КОГА?!
Да се вратам во темата со Пописот.
Kога се говори за Ромската етничка заедница, со последниот попис се укажува дека 53.879 луѓе се изјасниле како Роми. Неофицијални податоци спроведени преку анкети од меѓународни организации, невладини организации како и ромски активисти, укажуваат дека станува збор за многу поголем број на граѓани кои се изјаснуваат како Роми во Р.С Македонија.

Поради неколку причини, вистинскиот број на Ромите во Македонија е тешко да се одреди. Кумулативната како и систематската дискриминација претставуваат коренски причини за симптомите на Ромите, каде што во нивната ситуација се вклучени високи стапки на невработеност, ниско образование и друго. Преамбулата на Уставот на Република Македонија, ги препознава Ромите како етничка заедница, заедно со Албанците, Турците, Власите, Србите , Бошњаци и другите. Според најавата дека, пописот на населението – без графа за етничка и верска припадност – би можел да наиде на сериозен отпор, па дури и да предизвика бојкот од помалите етнички заедници, тука се наоѓа и Ромската етничка заедница како колатерална штета.

На Фејсбук веќе дејствуваат поголем број на групи кои стравуваат дека со помош на Балансерот Ромите веќе ги губаат своите загарантирани број на места за вработување.

Затоа што некои припадници на другите етнички заедници почнаа во графата за етничка припадност да се декларираат како Роми и да ги користат вработувањата кои според балансер им припаѓаат на Ромската етничка заедница.

Од тука се наметнува прашањето до Ромските политички претставници: Ќе бидат ли глуви и неми на овој многу важен момент што се случува поврзано со балансерот, или ќе се чека да бидат реализирани злоупотребените вработувања кои припаѓаат на Ромската заедница. Познавајќи Ромски претставници и лидери кои од поодамна директно учевствувале или сеуште учествуваат во реализација на такви злоупотребени вработувања, во некорист на Ромската заедница, песимистички уверен сум како тогаш, и сега – дека за жал и во иднина Ромите се уште ќе бидат злоупотребени со помош на Балансерот.

Севгул Абдула Дипл. Детектив и Криминалистика.