Е.Д.-Се убивме од молење и лигавење!!

254

“Драги мои”….. се убивме од докажување дека можеме, од образложениа како треба да бидеме видени, од работење што значи инклузија, од борба за еднаков пристап, се обидувавме оние кои имаа добра стартна основа да вложат и да творат за доброто на нашата заедница, за да не бидам “јас” таа или тој што излажа, што не знае, што има вошки и спие на таван. Се убивме од молење на културен начин “дајте ни шанса”. Станавме доктори за пишување и предавање на милионски проекти за да продолжиме да научиме други кои неможеа да застанат на нозе. Стоевме и пред академи, индивидуи кои стабилно не слушаа на предавање што значи да го живееме интеркултурализмот, да не земат во каква -таква заедничка бездна. И? Ало резултатите готови се …. Рековте до 12 готови ќе бидат???

Еве го резултатот по скоро 20-тина години. Денес од двете страни… добро ај од 3-те…. не не од 4те, од 5-те ….. од сите страни:
– Во време на огромен подем и моќ на технологија ( социјалните мрежи, медиуми…) се згрозуваш на секој прочитан или слушнат коментар , став и мислење. Огромно отсуство на емпатија по било која основа, стари закоравени и постоечки стреотипи и предрасуди од 1991 ( претходно татко ми не се желеше), откако писменоста се зголеми од 2- те, од 3-те од сите страни
– Академите кои бе воодушевени од нашите предавање и паралелно учествуваа во сите финансиски распределби ги нема никаде да одбранат генерализација или макар помогнат вербално на некој сличен “мене” а??? Бидејќи сте академи повеќе ќе ви веруваат, “нас” тешко. Нашите титули почнуваат со “Ц”, потоа е м-р или др….

– Луѓето кои вложуваа во описменување, подобрување на општиот добробид на нашата заедница се претворија во Титаник- потонаа, не за пари, за 2 прста, да кажат нешто!!!!
– Оние кои се описменија вака или онака денес се правдаат за најлесните ставови кои ги учевме на основните курсеви за инклузија за да пред мнозинството изгледаат рамни, еднакви и се е во ред!! Лигавче да не ви треба?? Колку ви помага тоа? Како ви помага на сите да кажете дека сите сме исти… ???

Дефиницијата на интеркултурализмот вели дека не сме и никогаш не може да бидеме исти. Ниту пак некој треба да цели кон истото. Создавањето на еднаква стартна основа за било каква животна борба е кога условите ќе се создадат согласно вистинските потреби на секоја индивидуа. Никако не е исто да почнеме со квизот за милион ако едниот пали шкорче да се стопли а другиот “пука” од топло и чита книга уз пат со чајче. Успехот на системскиот интеркултурализам е кога на тој со шкотчето ќе му обезбеди дрва за затоплување и барем шекер за прегорена карамела, па квизот нека почне.
Да ги потсетам професорите:
Суштината на Интеркултурното живеење во превод е …. Е ДА МЕ ПРИФАТИШ СО СИТЕ МОИ РАЗЛИКИ, тоа е болката., РАЗЛИКИ УШТЕ ЕДНАШ РАЗЛИКИ. Зошто не сме исти никој, ниеден и никаде. Сличностите не се ништо друго освен природни апстрактни човечки карактеристики ( емоција, чувство, болка, физиологија, организам…..)

Јасно ли ви е што баравме на времето, е баш такви услови барем на лик еднакви услови, не ЛИЧНИ И УДОБНИ ТУКУ ГЕНЕРАЛНО НА СИТЕ – ИСТИ УСЛОВИ
СЕЛЕКЦИЈАТА ПАДНА НА “НАС” И ИМАВМЕ ОДГОВОРНОСТ ДА БИДЕМЕ ОПШТЕСТВЕНО СПОСОБНИ И ОТВОРЕНИ СО ЗНАЕЊАТА НЕ САМО ПРЕД ЗАКОНОТ ТУКУ ПРЕД НАШАТА ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА.

Но, немам одговорност да се правдам пред било кој дали плаќам данок, сметки или казни, за тоа државата нека мисли и нека трага. Бидејќи и да постои селективна непотребна казна, знам, можам и ќе се одбранам. Одговорноста на “избраните” требаше да биде поинаква.

Се “окозивме” да стигнеме на линијата за старт, за заедно сите заедно да трчаме низ животот, еден ќе шине нога, друг ќе му влезе мушичка во окото, трет нема да има сила да продолжи, тешко дише. Се е ферски, ама не ферски е сите да трчате и никој да не види што се случува наоколу, зошто законот вели мора сите заедно да стигнеме да целта. Па нели законите најпрвин се производ на моралот, зошто ми е поважно да стигнам до целта ако не му помогнам на тој со ногата или да му издувам во окцето на другиот за мушичката?
Колку трае успехот на “шпринтот” другарче без да се свртиш назад? Знае ли некој точно колку живот му останува? Што прашувам, сега сите кои се со возачки дозволи стојат на 7 небо а јас тресам “зелени”. За “ нашиве”зборам…… Секое добро на трката за живот дечки, сопки на андро, нашите титули не траат вечно, гарант ќе се смени законот.

Предлог за сите мои сограѓани- што велите да предложиме најпрвин закон за емпатија, ригорозен моќен и доколку се прекрши да биде кривично дело? Прекршокот ќе биде ако заборавиш или намерно не помогнеш со алчност и подсмев!!
Се убивме од потсмев на туѓа несреќе, болка и тага. Глумиме на секоја несреќа сегрегирана болка вкупно 3 дена.
Ај размислете за предлогот.

Aвтор:м-р Е.Д

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)