Проштална средба на претседателот Џафери со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, г-ѓа Даниела Баришиќ

1929

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари проштална средба со амбасадорката на Република Хрватска, г-ѓа Даниела Баришиќ.

На средбата беше изразена благодарност за досегашната соработка и поддршка од пријателската Хрватска. Исто така, двајцата соговорници разговараа за актуелните прашања на Република Северна Македонија. Посебен акцент беше ставен на темата за членството во НАТО, како и за претстојното претседателство на Република Хрватска на Советот на Европската Унија и нивната програма и приоритети.

Претседателот Џафери на почитуваната амбасадорка ѝ посака успешна работа по завршувањето на мандатот во Република Северна Македонија и ѝ беше врачено признание за посветеноста во градењето и продлабочувањето на пријателството помеѓу двете земји.

Hazri kerga: Roma Press – lendo tar Khedipe e R.S.M.