ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПДПР ВО ПОСЕТА СО ЃРАГАНИТЕ ОД ШТИП,КОЧАНИ И ВИНИЦА..

3892

Претседателот на ПДПР (Партија за Демократски Просперитет на Ромите) Аксел Ахмедовски престојуваше во работна посета на ограноците на партијата во Штип, Кочани и Виница.

Целта на неговите посети како што истакна е да ги слушне барањата на ромите се со цел да се комплетира Програмната на партијата пред претстојните Вонредни Парламентарни избори.

Програмата на партијата носи наслов „Убунту“ што е Африкански стар збор за иднина. Токму ПДПР е таа што се залага за подобра иднина на ромите, а идеолошката матрица е колективна а не на поединци

Бидејќи паријата е национална главната визија во Програмата е социјалната инклузија на сите што се сиромашни со тоа што главниот акцент сепак ќе биде ставен на ромското население.
Ахмедовски при креирањето на Програмата за претстојните Вонредни Парламентарни избори како главни столбови ги потенцира вработувањето на ромското население и негово вдомување.

Инаку Аксел Ахмедовски во својот краток мандат доста направи за подобрувањето на условите за живеење на ромското население на ниво на цела држава а посебно на ромите што живеат во Источниот регион. Со подобрувањето на инфраструктурата во местата каде повеќето жители се од ромската популација се допринесе значително да се подобрат условите на живот на оваа наша група сограѓани.

Од партијата истакнуваат дека засега на изборите ќе одат самостојно, но не ја сепак исклучуваат можноста за коалицирање со една од поголемите партии во државата.

Но, до изборите има доста време и сите опции се отворени.
Roma Pres lendo tar http://www.komarec.com.mk/?p=28204