Антициганизмот ја поткопува успешната имплементација на националните стратегии за интеграција на Ромите

3314

“Целиот свет знае за убиството на шест милиони Евреи, целиот свет зборува за трагедијата на еврејскиот народ, малку знаат и зборат за трагедијата на Ромите, малкумина знаат дека во логорите на Третиот рајх убиени, се половина милион Роми – … “, пишува Симон Визентал во својата книга” Правда, не одмазда “.Сеуште се свежи сеќавањата на Холокастот врз Ромите за време на Втората Светска Војна.

Холокаустот над Ромите не било официјално признат со години.

Дури во април 2015 година Европскиот Парламент ја усвои Резолуцијата за антициганизмот во Европа и сеќавањето на геноцидот врз нив, за време на Втората Светска Војна.

Застапувањето на официјалното признавање на геноцидот врз Ромите било многу важно за корегирање на историските неправди кон Ромите. ЕУ Парламентот донесе Резолуција за вклучување на геноцидот врз Ромите во наставната програма, во учебниците, историјата , музеите, јавни расправи и музејски експонати.

Официјалниот комеморативен ден за сеќавање на денот на Холокаустот над Ромите е 2-ри август.

Два датуми потсетуваат на Холокаустот на Ромите за време на нацизмот.

Првиот е Меѓународниот ден на Холокаустот против Ромите, кој се слави на 16-ти декември. На тој ден во 1942 година, Хајнрих Химлер издаде наредба да ги депортира Ромите од сите европски земји во “Семејниот цигански камп”, концентрациониот логор на смртта на Аушвиц-Биркенау. На овој датум донесена е одлуката за “конечно решение на Циганското прашање”. Вториот датум, 2 август, е Денот на сеќавање на Холокаустот на Ромите.

Лузните се уште не избледеа, геноцидот како црн облак се надви над Косовските Роми, во време на Косовската криза.

Во периодот веднаш по војната, во хаотична безбедносна ситуација кога беше распоредена мисијата на ОН на Косово (УНМИК), Косово стана жртва на неконтролирани вооружени банди кои извршиле неказнети злосторства. Еден голем број на Роми го изгубиле животот, што од бомбардирањата на НАТО во покраината ,и од косовските одмазднички банди .

По војната 1.000 ичезнати беа од неалбански заедници, овие бројки се намалија во годините по наоѓањето масовни гробници и идентификување на остатоците од убиените не албански цивили.

Бројот на исчезнатите Роми од Косово надминува повеќе од 80 лица.

И денес Косовските Институции немат ниту еден решен случај во врска со ичезнатите Роми.

Втората Светска Војна заврши, заврши и Косовската криза, но редовно се објавуват извештаи за насилството врз Ромите низ Европа па и делови од Светот.

Европскиот парламент усвои Резолуција со која се бара да се обезбеди почитување на основните права на Ромите и да се осврне на прашањето за борба против антициганизмот – специфична форма на расизам насочена против Ромите, Синтите, патниците и другите кои се стигматизирани како “цигани”.

Европскиот парламент и наложи на Комисијата и земјите-членки да се вклучат во борбата против антинационализмот , да се дадат напори за социјално и економско вклучување на Ромите . Таа, исто така, наложува од нив да воведат индикатори за антидискриминација во областите на образованието, вработувањето, домувањето и здравството, со оглед на тоа што постоечкиот антициганизам ја поткопува успешната имплементација на националните стратегии за интеграција на Ромите.

Но со оглед на секојдневните извештаи барем сега засега тоа ке биде само пуста желба на Европскиот Парламент .

И покрај донесената резолуција на Европскиот Парлемент во цела Европа, Ромите се жртви на полициско насилство, организирани масовни протерувања и физички напади.

Колективно казнување на Ромите во Европа “, со ширење на “fake news“, објавување на статуси и коментари со дискриминирачка расна и национална стереотипна содржина по социјалните мрежи.

Најголемото етничко малцинство на европскиот континент, исто така автохтоно, бидејќи со векови се дел на европското семејство, е цел на вкоренети предрасуди кои предизвикуват дискриминација практично во сите земји во кои живеат. Оваа дискриминација повторно експлодираше со почетокот на економската криза во Европа и зајакнување на екстремната десница која, по правило, обично се користи за да се предизвика страв и омразата кон мнозинството меѓу најранливите групи во општеството, а денес тие се мигрантите и Ромите.

Имплементацијата за интеграција на Ромите преку Декадата за вклучување на Ромите, паневропска програма која се спроведува во земјите каде живеат Роми, била стратегија која ќе доведе до намалување на разликите помеѓу Ромите и остатокот од населението во областа на здравството, домување, образование и вработување. Во текот на Декадата за вклучување на апсолутно сите членки на Европската унија усвоија различни планови, програми и стратегии за интеграција на Ромите “, но сегрегација, дискриминација и раст на сиромаштијата уште повеќе се зголеми. Релативниот успех е забележан само во областа на образованието, а во областа на домувањето направено спротивно на она што Декадата имала планирано, бидејќи наместо домување се спроведува исклучиво иселување и депортација.

До пред неколку години никој не ги спомуваше Ромите, сега многу повеќе се збори, но претежно стеретипно и дискриминирачки.

Европските Институции немаат прецизни податоци за тоа како државите потрошија 1,5 милијарди евра средства кои беа наменти за имлплементација на Инклузијата на Ромите од 2005 до 2015 година, а анкетите и јавното мислење кај повеќето Европјани се со негативен стереотипен контекс кон Ромите.

Некои аналитичари сметат дека сите влади кои се обврзаа за Инклузијата на Ромите преку Декадата, не ја имплементираа во целост, за кое постои сомневање за злопупотреба на овие срества. Истите аналитичари сметат дека ваквите стратегии, и програми не се доволни се додека не се искоренат вековните всадени расистички предрасуди кон Ромите.

Многу е тешко во екот на антициганизмот, да се реализира успешна имплементација на националните стратегии за интеграција на Ромите.

Храмоме тхар Мозес Соломон ( Мухаџер Сулејман) башх Рома Пресс