Интервју: д-р Салија Љатиф П. –вд. Директор во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември – Скопје.

302

 

  1. Какви се вашите генерални искуства со ромските пациенти врзани за нивниот односот кон здравствените работници?
  • Како доктор нанапред морам да ја искажам позитивната страна на пациентите Роми дека ми се многу драги, но исто така јас сум доктор и не можам пациентите да ги делам на етнишка основа. Запознаена сум со сите проблеми- посебно со кои се соочуваат Ромската заедница,  нивното образование па потоа пречката со јазикот затоа што тие си го говорат најдобро мајчиниот односно Ромскиот јазик, потоа и медицинските термини или називи се доста тешки и тогаш се соочуваат со тешкотии на примање на информацијата поврзано со нивната терапија. Не секогаш не само Ромите, туку и секој пациент бара малку повеке време да му се објасни за неговата дијагноза за што точно станува збор, особено ако се работи за некоја потешка дијагноза објаснува д-р.Салија. Ромите како пациенти се доста послушни- дисциплинирано се однесуваат поврзано со нивната издадена терапија од медицинско лице.
  1. Дали може да ни одвоите позитивно искуство со ромските пациенти?
  • Имам многу такви искуства, јас ке ви укажам само еден од нив. Во фаза како вд.директор работам во делот на примање на странки кои што имаат потреба како пациентиги и ѓи носат нивни најблиски –роднини. Секако најпрвин се проверуваат дали имат потреба да се хоспитализираат  во нашата специјализираната болница и секако како доктор го имам истиот пристап, ѓи сослушуваш при тоа ако има потреба им објаснуваш, тогаш по индикација ако ги исполнуваат условите треба да ги примаш или да ги препратиш во друга здравствена институција. Како медицинско лице работев во стоматолошка здравствена заштита во поликлиника Бит Пазар –нокна служба, тогаш френкветно знаат да дојдат многу пациенти, Шуто Оризари, Топаана, Чаир и околните општини и секогаш првиот впечаток е супер тука ја имаме доктор Ромка и таа ке ни помогне. Навистина само тогаш се опуштаат, имаат доверба почнуваат слободно да си го искажаат проблемот едноставно тоа навистина мене ми беше едно големо позитивно искуство а верувам и за нив, тоа чувство уште многу години ке ми остане во моето секавање -позитивното работно искуство во поликлиниката Бит Пазар, укажува д-р Салија Латиф П.

 

  1. Колку се придржуваат ромските пациенти до правилата одн. терапии, здравствена помош што ги одредува лекарот?
  • Пациентите Роми како што ви кажав предходно се многу послушни пациенти во однос на почитување на советот на докторот како и терапиите, Мегутоа, често пати наидуваат на проблем со неможност до крај да ги снабдуваат лековите кои им ги препишуваат лекарите и тогаш настанува проблем со неизлеченост до крај на примарната поставена дијагноза и повторно мора да се дојдат на лекар. Сметам дека имаме проблеми и во делот на правилната исхрана, доколку се работи за мултиморбитети тоа се повеке заболувања во склоп на еден пациент и секако дека бара поголем број на лекарства да се препише тогаш се соочуваат со тој проблем да не бидат во можност да ги земаат тие лекови и ако дел од поголемиот број на тие лекарства се земаат на позитивна листа, но сепак се работи за повеке лекови и претставува финансиски импликации односно проблем.
  1. Дали сметате дека Ромите се дискриминирани?
  • Да, ви кажав и предходно секој од нас без разлика дали сме медицински лица, доктори или нешто друго се гледа веднаш тоа кога ке наиде да бара некаква здравствена услуга личност која е со темна боја веднаш пристапот е поинаков, тоа навистина се чувствува и нема да биде благодарно јас од мојата позиција да укажам пред вас дека тоа не постои- ДА ПОСТОИ. Сепак диксриминацијата е многу тешка да се докаже но сепак тоа се чувствува, тоа треба  во иднина да се отстрани и секој од нас дали е во улога на пациент или здравствено лице. Пациентот треба да ги слуша советите на докторот,  исто така докторот треда да се постави според хипократовата заклетва дека приоритет ке му биде пациентот  без разлика на која етничка заедница припаѓа.
  1. Едно ваше лично гледиште: Што треба да се промени (во сооднос лечник – пациент) за да се подобри состојбата во сите аспекти?
  • Сметам дека лекарите кои се матични или семејни во примарното ниво тие се поблиска и по континуирана соработка со пациентите, мислам дека тука речиси и нема дискриминација, затоа што тие практично веке се едно семејство бидејки се во поблизок однос и тука треба да се работи на некоја фаза на едуцирање како едукатори, говорам во делот на навиките на пациентите  кои треба да се променат доколку има лоши навики  пример: прекумерно алкохолизирање, цигари и други консумирања. Во делот на Ромите како пациенти најмногу што треба е да се едуцираат поврзано со запознавањата на нивните права како пациенти и како осигуреници и тоа во системот на државата. Во секој случај треба една добра едукација на двете страни во  соодносот Доктор-Пациент, укажува на крај д-р Салија Латиф П.

Подготвил: Ерџан М. Неџмедин А.-Рома Пресс

Ова интервју ќе послужи како инспирација за театарскиот проект ,,ЛАВИРИНТ’’ на Театар Рома.

Интервјуто е во рамки на проектот ,,Менување на наративите за Ромите во здравствените институции’’. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.