Интервју на тема: Семејното насилство како општествена болест!

475

Интервју..

РП. Колку е раширено семејното насилство во нашето општество, според вашите сознанија, познавања и слично?

E.Д.- Бидејќи сум прашана според моите лични сознанија и познавање, ќе се обидам да одговорам , но морам да се оградам од стручноста на сознанијата и познавањето на тематиката денес бидејќи веќе некое време не сум дирекно инволвирана во оваа проблематика, а воедно да се оградам од правната проблематика бидејќи не сум по вокација правник но сум граѓански одговорна личност пред лицето на законот. Од 2004-2010 бев теренски истражувач и презентер на Извештајот во сенка на жената ромка во Обединетите нации во Њјујорк преку Центарот за правата на Ромите предводено од Азбија Мемедова (жена лидер која на научи на стратегиски начини на делување во таа област). Во тоа време бев во тек со бројката на жртвите на семејно насилство и сите поврзани радикални случувања од двете страни, едната жртвите а другата институционална акција и реакција. Со сето ова веднаш давам до знаење дека тоа е стара табу тема кој живее во минатото и сега, до кои граници ќе се движи секогаш зависи од следните фактори:
– Свеста на жртвата (со што е запознаена а со што не е)
– Постоечките или непостоечките законски норми правила и регулативи за делување да работат на свеста на жртвата
– Инстутуционалната акција и реакција
– Почит на сопствената позиција и одговорно работење
– И да не ја заборавиме граѓанската солидарна одговорност на секоја индивидуа дирекно и од околу
Сето ова набројано ако го прочитаме само уште еднаш сами ќе си одговориме дека во се сме “слаба нишка”. Официјалната бројка и тогаш и сега која може да се види од министерството за социјална работа на јавната веб страна е со сигурност најголема во ромската заедница и тука нема утка. И тогаш и сега. Срам е за една држава да нема пропишани регулативи за делување по основ на сите наведени фактори. Зарем не е нормално да се повторува и случува истото. Ако не се плашите дека ќе ви ја исечат раката а крадете, зошто да на крадеш пак. Според моите сознанија како нормален граѓанин кој денес само гледа вести нема промена во однос со времето кога бев до и со жртвата од ниедна гледна точка. Денес е поактуелно заради зголемена бројка на социјални медиуми, па знаеме дека матицата на пчелите е убиена а не за жртвите-луѓе. Порано знаеле само тие кои биле инволвирани во проблематиката. Крајниот одговор ми е… не е раширено, постојано го има со ист интензитет, денес сме само повеќе информирани

РП. Кои се најчестите форми на семејно насилство што ѓи среќаваме во нашето опкрижување и како завршуваат?

Е.Д- Пак ќе се оградам од ова прашање и ке кажам дека одговорам како граѓанин кој одреден период работел на вакви случаи на терен но сигурно нема да биде стручно одговорени бидејќи…. сметам дека стручни одговори на ова прашање треба да дадат социјални работници и психолози но и педагози кои дирекно се вклучени во креирање на дефиниции за семејното насилство.
Како бивш активист на проект за семејно насилство што ги имаме утврдено на терен кај ромската заедница и потоа презентирано во ОН во Њјујорк биле психичкото насилство во многу помал процент за разлика од физичкото. Ромската заедница дури не е ни свесна за постоењето на психичкото насилство во било која форма и никогаш во тоа време немаат пријавено психичко насилство (за денес не знам) , сметаа дека тоа е дел од секојдневниот живот, што за разлика од физичкото насилство беше најчесто сокриено од жртвите поради еден куп фактори поврзани со традиција, начин на воспитување, обичај и др.

За тоа како завршуваат денес…. може да биде моја претпоставка, ништо со сигурност кажано… но еве денешните примери нека ви го даде одговорот, тогаш немаше социјален медиум но и на главните вести немаа време да известуваат за смртта на некоја ромка поради семејно насилство. Сега е се поинаку.

Според мене и тогаш и сега сите овие примери завршуваат фатално, не мора да има смрт за да биде фатално. Каде се психичките последици на жртвите, на децата во семејството кои треба да прераснат во возрасни граѓани, корисни за општеството и средината со чист разим без трауми и последици? На децата кои живеат во таква средина со одземено детство и иднина без соништа и мечти? А бараме здрави и идни генерации кои ќе придонесат за заедницата, бидејќи успешно и здраво семејство води кои успешна заедница во збир. Жртвата која со години истрпува,често и сама може да со го одземе животот, не секој ја издржува таа агонија и несигурна средина. Страв, болка, негативни емоции, несигурност, осаменост, изгубено секојдневие е еднакво на пропаст во секоја смисла. Но, ова е обрвска на секоја држава да работи уште од мали нозе на секој сегмент за здраво нормално семејство и не се исклучува и соседот (граѓанска одговорна личност) да ја пријави галамата и врисоците на институциите и веднаш да постапат по истото да се спречи за никогаш да не се повтори со свои ефикасни мерки и регулативи. Како што е тоа впрочем е и во другите држави. Да нема “ќе се смирите ќе помине”, а кај комшијата “овие пак се тепаат” , бидејќи последиците треба да ги сноси државата за не преземање мерки за спречување на проблематика и граѓанинот кој не пријавил како сосед дека е сведок на врисоци од физички насилство. Секој и секаде од нас е одговорен и пред очите на законот и моралот.

РП. Што најчесто ги спречува жртвите да пријават насилство?

Е.Д.- Уф, од каде да почнам. Многу работи ги спречува кои за необразована жена се многу по оправдани но не дека не се случува и кај образованите жени. Моментот на пријавувањето на насилството на секоја жена, јас како педагог најпрвин ќе го врзам со воспитанието од дома во средината во која расте и социјалната средина во која живее паралелно со степенот на образование кое го поседува. Сознанијата наназад и искуствата покажуваат дека пријавувањето насилство не добивало позитивен фидбек во смисла на заштита на жртвата, сигурност и реакција против насилникот. Затоа денес наместо институциите, често гараѓаните си ги преземаат работите во свои раце. Во прилог ќе биде на оној кој ја има моќта, финансиска или било каква, државата ќе одмори а “пријателски” ќе се решат многу работи. Таму каде “нишката” е слаба таму нема верба во жртвата, таму постојано се случува и не треба да се заморува инстутицијата за секоја расправија без разлика дали ќе заврши со скршеница или удар (зборувам со цинизам).
Дали се случува само кај Роми, никако, секаде и кај секого. Но, не ромката ќе пријави и психичко насилство или шамар, препознава постапки и делува (барем шансите се поголеми од ромката). Дали било до сега регуларно постапено, лично не тврдам но не верувам, и слободно нека ме поправи некој. Свесноста е на поголемо ниво и во вакви случаи може да се избегне фаталност на крај. Додека кај жената Ромка потребата од пријавување е потисната од неколку образложениа:

– Традиција и верување дека ако го направи тоа ќе биде срам за околина и за иднината на нејзините деца. Доколку се разведе од насилникот, таа ќе биде обвинета од општеството и никогаш нема да има поддршка ниту од сопствените родители;
– Страв од насилникот за повторно случување и недоверба во институциите со докажано искуство. Бидејќи и на шалтер за подигнување на социјалната издршшка е осудувана;
– Страв од останување до “просјачки стап”, не е вработена, чека финансии за основна исхрана за неа и нејзини деца од насилникот;
– Не доволно зголемена свест за реакција на било каков начин бидејќи истата околина односно влијанието на социјалното опкружување и вели дека што и да направи не смее да придонес срам за семејството и децата.
Може уште многу да се набројат за жал, но јас лично сметам дека сите причини колку и да се индивидуални се еднакви на не ефикасните постоечки законски инструменти на државата односно не имплементирани инструменти во системот, некои од непознавање на истите од страна на вработените во институциите, некои од стеротипи и дискримининација спрема ромската заедница па дури и спрема сите кои трезвено пријавуваат а не мора да се роми.

РП. Колку е ефикасен институционалниот одговор во овие случаи?

Е.Д.- Пола од ова прашање ви е одговорено претходно, да не се повторувам. Овде само ќе потенцирам ефикасност во институционалниот одговор нема, само поради не имплемтирање на законските одредби правила прописи и регулативи. Во секоја имплементација на било каква мерка – човечкиот ресурс е клучен, неговата одговорност, свест, правилност во работењето пред самиот себе и пред законот. Ако личност само во првата фаза не одговори на повикот во институцијата, синџирот не продолжува а тоа носи кон фаталност, за жал. Замислете, дека треба да има реакција и за подигнување на совеста на жртвата (со психолизи, педагози, авторитети во таа област) за пријавување на насилникот од страна на институциите и за нејзино издржување финансиски од секоја гледна точка. Да почувствува сигурност и заштита за никогаш да не се врати назад, со комплетен механизам. Тоа е обрвска на државата, да штити и создава емоција на сигурност.

РП. Како влијае насилството врз децата кои растат во таква средина?

Е.Д.- Ако една државата посакува здраво опшетство и за генерациите што следат, доколку не преземе сериозни мерки за имплементација и сериозни мерки за нивно непреземање, тогаш следат генерации кои ќе ја повторуваат историјата. Ако за секое општество е важно да се вложува во идните генерации за идно поквалитетно светло утре тогаш заборавиле дека проблемот продолжува уште само од досегашните не преземени мерки за децата-сведоци на насилство. Јас нема да навлезам во психичко делување на децата, тоа ќе се обратете на детски психолог кој многу посоодветно ќе одговори. Но, сите знаеме и сме свесни дека доколку не се работи од стручна гледна точка постојано, со децата кои живеат во услови на насилство, последиците исто така можат да завршат фатално, што повторно не мора да значи смрт или самоубиство, но девијантни однесување на штета на околина и опшетството во целина. Во најмала рака, тие се клучна карика за иднината ако и нив ги заборавиме, тогаш сите нека завршиме фатално.

РП. Дали општеството доволно говори и работи на превенција за истите?

Е.Д.- Сметам дека, ова е одговорено во се претходно што кажав со мала дополна и потсетување дека општетсвото сме сите ние. Како што кажав сите ние имаме обврска да работиме и одговараме на предизвици кои носат негативни последици, без разлика што си по вокација или не си. Човечкиот живот нема цена без разлика што е (раса, пол, етникум….), а секој може да препознае насилство, така што одговорноста сите задолжително ја имаме, да реагираме и делуваме во прилог на човечноста. Ако не одговориш, не сум правник, но претпоставувам има регулатива за граѓанин очевидец и се однесува како ништо да не се случило. А кој сака негово дете да живее и расте таму каде насилството е во ограмни размери. Јас лично верувам дека граѓаните многу повеќе прават од инстутуциите, да не биле тие многу работи ќе биле замижани. Секој бара спас и здрава околина и над секој има секого. Моќта за промената е во вистината и желбата за промена за општ добробид и квалитетот на живеењето а не во инстутуционалниот одговор за кој не добивме до сега впечаток дека е во прилог наш-на граѓаните.

РП. Каква поддршка им е најпотребна на жртвите од насилната врска?

Е.Д- Поддршка?? Мене, тебе, вас на сите ние е потребна поддршка, типови на насилство има и надвор од дома. Тоа е ситен збор за жртвите, на нив им треба спас,вистинска помош од државата а поддршка од сите нас. Одговорност за поддршка имаат соседите, пријателите, роднините кои ќе ја пружат со емпатија, сочувство, разговор, мерки за спречување на нивно ниво. Државата, институциите – задолжително да нудат и пружат безбедност, сигурност, превенција, заштита…..за на крај да имплементираат мерки за комплетно спречување на истото. Жртвите реално се оставени сами на себе во нивната таканаречена бездна, лична непозната, несигурна, тажна, изгубена…..тие што не знаат и не биле сведоци, не го слушнале внатрешниот врисок на жртвата не се ни свесни колку е важен спасот и поддршката во исто време. Со стручност да се реши кревкоста, незнаењето, свеста за да поврати самодовербата за спас а потоа со стручност да се преземат сериозни институционални мерки за спречување на насилникот.

РП. Кои се клучните промени што треба да се направат во законот и неговата примена?

Е.Д.- Опс…. никако не смеам да си дозволам да навлезам во нечија стручност а не е моја. Ама смеам да кажам дека законот, сите дополни и измени треба да бидат секогаш во бенифит на жртвата, навремен и во прилог на создавање здрава средина за живот на сите околу нас. Исто така, ние-ромите неможеме да бараме посебни регулативи од државата како да ја спасиме жената ромка од семејно насилство, бидејќи жртвата нема и не бира етникум , пол и раса. Бројката на жената ромка како жртва статистички е многу поголема од останатите, единствено ова како податок ни останува да ни биде причина да не молчиме и да се бира стручен кадар за дејствување, бидејќи кадар имаме.

РП. Која е улогата на медиумите во борбата против семејното насилство?

Е.Д.- Огромна улога. Од тие причини влијанието треба да биде во вистински насока и соодветни извори зависно од темата која се разбработува. Конкретно за оваа проблематика, исклучително сензитивна, неопходно е да се презентира јавно само преку стручни органи и лица кои, или биле дирекно вклучени во оваа проблематика (работеле на терен со жртви и ја знаат стандардно оперативната процедура не делување) или се претставници на институции кои исто така ја познаваат оваа тема. Дали тоа навистина се прави на овој начин е знак прашање. Исто така, медиумот со неговата моќ пренесува порака која сериозно може да влијае на свеста на секоја индивидуа, затоа особено треба да внимаваат на изборот на изворите за заклучоците и лицата преку кои ја пренесуваат пораката. Авторитетот на оваа проблематика е исто така клучен од медиумски аспект, кој збори, кој пренесува и какви алатки и инструменти користи за да пренесе пораката. Јас, сакав да ги прашам денешните медиуми зошто не ги користат постоечките институционални капацитети Роми и актуелните активисти кои го посветуваат животот на овој проблем (исто така Роми)? Тоа се истражува. Зарем професионализмот на работењето има цена, достоинството, рејтингот и сите морални вредности имаат цена кога е во прашање живот? Имаме Наш Народен првобранител жена Ромка, имаме правници Роми и искусни интелектуалци роми кои со статистика и документи го подигнале нивото на нашата заедница. Јас искрено, многу ретко а некои воопшто не слушнав да ги повика. Е сега, препораката и забелешката во однос на ромските медиуми како сила, моќ и огромна улога во секој сегмент е да не правите сегрегација на проблематиката кога ја разбработувате. Што сакам да кажам? Зборувате на ромски јазик без превод, тоа е во ред, но конфликтот лежи во двете страни и двете страни треба да разберат. Едната страна се ромската популација а другата страна е Неромската. Ако ние како малцинство пренесуваме порака дека имаме проблем со институциите кои ќе им каже на другата страна? Или како ќе покажеме дека имаме соодветни капацитети и спремни сме да делуваме, помогнеме или предлагаме мерки за разрешување, ако само ние се разбираме. Ако решаваме интерен проблем, зборете на мајчин јазик, но ако делувате на пошироката јавност тогаш јазикот е заеднички и треба сите да ни ја разберат пораката, бидејќи имаме конфликт со институции кои разбираат само македонски јазик. Авторитет во очите на не ромите така не се гради. Медумиот по дефиниција треба да биде место за културно и етичко обраќање, комуникацијата разбирлива за сите доколку упатувате порака. Зборуваме за семејно насилство и бараме помош и еднакво место во нишката на еднаквите граѓани во општеството, за тоа има ред правила и прописи на етичко и морално однесување.
За крај моја препорака на медиумите наши е да ги пронајдат и истражат амбасадорите на соодвтената проблематика која е, или би била актуелна. Со статус и рејтинг играчки не се игра, моќта тешко се гради ама лесно се губи.

РП.Што би им порачале на оние што се во моментална ситуација на семејно насилство?

Е.Д.-За оние кои се мометално жртви на семејно насилство:
ЖРТВИ НА ВАШИТЕ ДЕЦА ДА ИМААТ УБАВ И СРЕЌЕН ЖИВОТ НЕ СТЕ….АКО ТРПИТЕ БОЛКА КАКВА И ДА Е. АКО СЕ ПОВТОРУВА И ПАК И ПАК ТОГАШ ЖРТВИ СТАНУВААТ ВАШИТЕ ДЕЦА А ТОА НЕ СМЕЕТЕ ДА ГО ДОЗВОЛИТЕ. НА КРАЈОТ АКО ЗА НИВ ЖИВЕЕТЕ, ТОГАШ ЖИВЕЈТЕ БЕЗ БОЛКА ЗА ДА ТРАЕТЕ ПОДОЛГО ЗА НИВ, СО НИВ.

———-
Интервју на тема:,,Семејното насилство како општествена болест”со Е.Д.- Дипломиран педагог и едукатор за дискриминација, стереотипи и предрасуди.