Колумна: С. АБДУЛА – Да не заборавиме на хитот на музичката звезда Мухарем С.( последни аплауз)

4864

Едните се радуваат другите критикуваат третите говорат за нацоинален сеопфатен политички консенсуз или единство, едноставно од страна ако ја посматраш актуелната политичка состојба на Ромите ке те доведат во состојба за миг да се чувствуваш дека помеѓу ромскиот политички активизам се започнува преговори со ЕУ, вистински или не. Од другата страна повеќе од јасно, Денес актуелно се говори за сеопфатен национален консенсуз или обединување, договарања, преговарања, политички игри итн.

Бре, бре, каков елан каква желба како почетници во политичките игри ухх каква енерѓија, јас понекогаш цитирајкиѓи нивните добро изготвени и убедливи пасуси,се чувствувам дека жевеам во друга планета и неможам да ги доловам добрите филозофски термини со кои за жал тие се уште мислат дека луѓето живеат во деведесетите.

Ало бре заборавивте ли на хитот на нашата музичка звезда Мухарем С.-Последни аплауз,
(Најголемиот хит барем на музичките собирања и балови кога ги организираше еден од политичките лидери).
Цицачи на една цела ДЕКАДА денес повикуваат на единство згора на тоа без срам и перде не нарекуваат сите останати како кривци а тие се народно кажано анѓели бре бре. Ние сме им биле криви кои гласно размислуваме и не нарекуваат со термини како зли јазици, кодоши итн.
Дотолку ли пријатели веке не ве држи помнењето- проблеми со склероза или? хмм знам дека е до годините, ама ве молам дваесетте години поминати ваши како цицачи на народната крв (тафтабит, дракула) сега ли се присетивте дека Ромите имаат потреба од политичка соединување на нашите сили и тоа сега, кога вам вие тешка за вашата лична политичката сатисфакција.
Кај бевте кога целата Ромска интелектуална фела говореа и јавно ве повикуваа на национален спас тогаш бевте глуви затао што беа поинтересни и поважни вашите позиции и народни пари.

Тогаш сосема е разбирливо зошто политичката зрелост одела во ќорсокак, и тоа како во затворот влез има – ама за излез богами тешко е.. Додека големите заедници во Република Македонија се вклучени во сите процеси на големите политички случувања Ромите во Македонија каде..? И се уште одредени политички структури говорат за некаков нивен филозофски сон, а нацијата ја доведоа во пропаст.

Ромите поради историските факти никогаш не се бунтувале не само за одредени политички случувања од секојдневието туку за општата обесправеност како и социоекономска состојба на Ромите. Да се навратиме на нашата тема, сепак Ромската заедница е тука, и таа секако ќе чека некоја нова ера и нова политичка енергија, и можеби тогаш ке се присетат на пишаните зборови на Нелсон Мандела, Мартин Лутер Кинг дека најголемото оруже на еден народ е нивниот глас- Глас кој ќе не води на Спас.
ЗАПОМНЕТЕ?- Ромите повеке не се ничиа сопственост..

Колумна:Автор Севгул А. Дипл.Детектив и Криминалистика-Безбедност.