Самка И.-Корупцијата најмногу ги погодува Ромите..

1450

O Presidenti tari partija PCER bicavga poro hramibe sar fuhalin(zagrizimo)badh inkorupcija savi kerlapes upral e Roma, Teleder dravaren ani Makedonikani chib.
👇👇👇

​Ромите се најмалку вклучени во корупцијата, а најмногу ги погодува. Тие немаат што да дадат, па ниту некој нешто значајно нив им дава. И доколку ја има, таа е ситна корупција, неколку килограми компири, месо, некоја книжна банкнота и сл.

Се разбира и таа мора да ја снема.
​Сиромаштијата е плод на корупцијата, онаа систематската, високата, големата. А сиромаштијата е второто има на Ромите.
​,,Кој ќе се јунак избере, чумата да пропади“ – искрен народен копнеж. Некој ги слушнал лелеците на народот, па собрал специјални тимови за да ја пропади ова чума – поинаку наречена корупција.

​Ви благодариме амбасадорке, Вие најмногу ќе сторите за нас Ромите. Најголема поддршка, искрена и без задршка.
​Борбата против корупцијата бара многу знаења и на тоа поле ќе биде најголемата полза од помошта од американскиот народ. Во овие последни наши 30 години најнапред пред сите нас отидоа измамниците, нечесните, неразбраните. Изградија свои феуди со бедеми и сејмени околу себе. Станаа големи ербаби, штом паѓаме на секоја нова нивна дарежливост дека, тукму одсега и натаму ќе работат за нас граѓаните. Веруваме дека ќе ги надмудрите. Незнаеењето е нивната најслаба страна.

​Корупцијата силно нè потона во сиромаштија. Во сиромаштија сме до гуша, а преку глава ни е од корупција. Чарето од некаде мора да дојде и беше најавено од порано. Да се потсетиме на Извршната наредба на Претседателот Бајден од јуни минатата годин во која фокусот беше ставен и на борбата против корупцијата, укажувајќи на штетата што корупцијата и ја нанесува и на надворешната политика, на националната безбедност и економската стабилност, како на САД, така на Северна Македонија и на останатите партнери и сојузници.

Претседателот Бајден нагласува дека широко распространетата корупција го спречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, и со тоа претставува закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.
​Ги памтиме зборовите од изјавата на државниот секретар на САД Ентони Блинкен: ,,САД препознава дека корупцијата ги загрозува економската еднаквост, глобалните напори за развој и борба против сиромаштијата, како и самата демократија.“
​Во јуни/јули о.г.
Конгресот донесе Законот кој предвидува давање техничка помош за секоја земја од Западен Балкан за изработка на национална стратегија за борба против корупцијата.

Исто така, предвидува и две извршни наредби, кои овозможуваат воведување санкции против оние што ги загрозуваат мирот и стабилноста на Западен Балкан и кои се вмешани во корупциски дела.
​Се нафативте чумата да ја пропадите. Ви балгодариме и со среќа нека е.

За Рома Пресс од Самка Ибраимоски
Претседател на ПЦЕР