Ѓунер А.Колумна: Глуви и Неми Ромски политичари..

2690

Глуви и Неми за потребите на Ромската заедница, Ромите се прашуваат до кога ке останат декор во државата Р.С.М.

Велат еднакво општество ама за кого? МНОГУ пати се прашувам до кога ке останеме неми и глуви на се што се случува со нас и околу нас.
Ромската заедница како и нивната политичка еднаквост е во маргините. Осум Ромски политички партии, од сите вас ни глас ни траг, до кога? Уште ли ке чекате на милостина од актуелната власт или чекате на директорските и заменичките места кои нема да им бидат битни и важни за ДУИ и Коалицијата предводена од СДСМ, За вас ке бидат битни со тоа што ке ви се исполнат вашите суетни потреби, “Засрамете се од вашата заедница”.

Изумрена е Ромската застапеност, преварени, излажени и изманипулирани токму од вас и вашите брака во коалициите, едните дадоа недобитни пратенички места друѓите на кои вие ја дадовте поддршката на актуелната власт со тоа и ромската заедница ја внесовте во мрак и тишина. За кого вие постоите, регистриравте партии, утре од кого ке барате доверба и глас, имате ли образ како повторно ке застанете пред излажаните, сиромавите Роми да ви доверат доверба КАКО?

Многу не јасно, покрај вие како лидери сте глуви и неми но исто така и вашите активисти и симпатизери кои се уште ја имаат довербата во вас дека еден ден ке биде многу подобро, Време е од вашите редови и членови да започне новата ера како и свежа енергија за поинаква Европска политичка активност.

Да, знам дека многуте од вас се и мои пријатели и познаници, од денес ке си ја испитаат соработката со мене после објавување на истата загриженост, Да брака тоа сум јас, ама неможам да се фокусирам на нашата поставеност во ова општество од самите нас и на оние кои сега треба да бидат најгласни впрочем  во моментот се на ЛЕР.

Да ве потсетам ДУИ најави вработувања за 640 Албанци во администрација. И КАДЕ СЕ ТУКА РОМИТЕ? (Едно општество за сите) Се укажува дека следната недела се очекува да биде објавен огласот за вработување и тоа се потенцира само на Албанци во администрацијата, нормално изворот е од ДУИ, и се поставува прашањето КАДЕ СЕ РОМИТЕ. Од вкупната бројка остануваат од 150 до 160 слободни места, Ако се зема во предвид статистиката на последниот попис, Ромите се застапени 2,6 проценти и сега мои политички пријатели седнете и прст во глава и направете си ја математиката. Време е да си го подигнете гласот и вистински да барате еднаквоста на Ромите во општеството ако имате само малку грижа на совест.
Сега ве прашувам како Ромски политички лидери, активисти спиете ли мирно, се прашувам кај се вашите изборни ветени укажувања : пратеници, директори, вработувања, раководни позиции во законодавната и извршната власт. Навистина сега тие ваши укажани ветени изборни манипулации Ромите само во СОН може да им биде реалност.

Се покажавте неуќи, слаби преговарачи, со испокршени кичми слаби дури и за ваши лични позиции за кои секогаш сонувавте и беа ваши барана во прв план, За жал денес и тоа не ви се овозможува.

Ви посакувам добар и лесен зимски сон и господ, бог, Аллах да не ве разбуди од тој сон за тоа што ако се будите ништо добро нема да направите за вашата, односно нашата Ромска заедница.

Нашите стари предци не заспиваа со ,,НАНИ НАНИ МОЧАВО”.

ROMA PRESS – KOLUMNA AVTOR GJUNER ABDULA