Колумна: Севгул А.- Што се случува?

1355

Sajdime avdisutno moro hramovibe tano ani Makedonikani chib sebepeja te haloven ole okola save na kerena lafi Romane.
👇👇👇

Денес чинителите од политичката фела, интелектуалците, аналитичарите или познавачите на СЕ и фб,фалбаџите некако подолг период се ставени на стенд бај (stand by) Што се случува?

Неретко Ромите имаат нарачени ативности, затоа што ние никогаш сме немале наш правец на движење туку спротивно, народно кажано колку пари толку музика. Се уште го немаме механизмот за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции, за нас Ромите со сигурност може да се каже дека на сите нивоа сме не-застапени според нашата процентуална застапеност 2.34%.
До кога ние треба да бидеме со едните или со другите за повторно да го живееме секој божји ден во немаштија,голгота едноставно во мизерија.

-Како да се обесправиме?
-Имали некој слух за нашата состојба?

Ромите имаат впечаток дека во нашата држава паралелно се водат два аршина, бинационалниот пристап на владеење се коси со Европските демократски вредности, во Македонија покрај Македонскиот и Албанскиот народ живеат и други народи за кои истите со устав им се гарантирани правата и еднаквоста.
Кога говориме за Ромскиот политички статус на Ромските политички субјекти видливо е дека дветте македонско-албанските партии имаат многу пасивна соработка. Ромите се исклучени од сите процеси кои водат во унапредување и правично застапени во законодавната, извршната и локалната власт.

Тоа што е чудо! Покрај нашата хаотичната состојба во сите сфери на нашето опкружување говорам во време на економска, здравствена, енергетска па денес и политичка криза, протекуваат информации дека се имало желба за регистрирање на нови Ромски политички субјекти покрај она долго најавуваната на АВАЈА. Се прашувам? Дали ние сме грешниците за овој бинационален систем.

Се занимаваме со лудории и завидливости, ако може он можам и јас, не се посветуваме во обeдинување на нашите сили во една голема вистинска ренесанса со која Ромската заедницата има да се соочи со видливи промени и позитивни резултати.
Треба со посебно внимание да го почитуваме правилото во демократијата дека, само гласот на еден народ е моќ на неговата иднина. Со евтин или манипулиран глас нема интеграција, инклузија па и рамноправност.

Во кое време живееме да се немало слух па ни вид, Овој авионски безнадежен лет на кој неможе да се најде крај на летот треба под итно да се променат правците за успешно спуштање на леталото, скоцентрирани за заеднички видливи промени започнувајки од нас самите, не треба повеке да се толерираат желбите и фрустрациите на поединци кои газат врз бедотијата на обичниот Ром.

Автор:м-р Севгул Абдула.