Градоначаникот Курто Дудуш оствари средба со неколку претставници од Турција во насока на градење пријателство и партнерство за соработка на заеднички активности.
На средбата беа присутни турскиот пратеник Кемал Бекле, кој е етнички ром, Ердем Гујумгелер турски политичар и Ердинч Чекич кој што е основач на невладината организација БАРОМ.
За време на средбата беше разговарано за воспоставување на соработка и насочување на севкупните капацитети за спроведување на заеднички проекти во областа на културата и спортот. Исто така, беа разгледани можностите за организирање на ромско балканско фудбалско првенство и одбележување на Меѓународниот ден на ромите.
Градоначалникот Курто Дудуш го изрази своето очекување за продолжување и интензивирање на комуникацијата во насока на креирање и имплементирање на заеднички проекти.
Hazri kerga Roma Press lendo tar : sutoorizari.gov.mi