Демант за одредени медиуми кои укажуваат невистини поврзано со Матурантот Тони Сали(18)

3533

Денес поврзано со  случајот на матурантот Тони Сали одредени медиуми се повикуваа за овој случај преку евиденцијата на дневниот Билтен на МВР дека Тони Сали бил пронајден починат на улица Индира Ганди.

(Извадок од Билтен на МВР)

На 27.05.2021 околу 07.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ бил пронајден починат Т.С.(18) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Тони Сали кој навистина имаше проблем со изнаоѓане на решение поврзано со неговиот идентитет немање на извод на родени, лични документи, здравствена легитимација и денес неговиот случај се поврзува како дете од улица.

Многу невистинини изнесени преку социјалните мрежи и евтини продадени наслови на одредени медиуми укажуваа на болни информации поврзано со овој случај. Тимот на РомаПресс  стапивме во контакт најпрвин во полициската станица во Шуто Оризари каде ни укажаа дека лицето Тони Сали е пронајден  починат во неговиот дом каде што живее во улица Индира Ганди, а не како што  укажуваа дека бил пронајден починат на улица.

Потоа го исконтактиравме и портпаролот на МВР г-дин Тони Ангеловски кој исто така не посочи на даденат информација во Билтенот на МВР и дека тука не станува збор за лице кој е починат и пронајден во улица туку во неговиот дом со неговото семејство, Лекар од итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото беше предадено  на обдукција.

Сосема на крај Тони Ангеловски портпарол на МВР укажа за Рома Пресс дека навистина со овој случај не треба да се прави поени, маркетинг или видливост на одредени портали затоа што се работи за случај на млад живот впрочем вчера Македонија повторно загуби уште една млада личност.

Рома Пресс