Е Roma thane ja palem na, ačavde ani rig sistemeski phanle e Korona viruseja..

1331

Tar erati aktuelizirinelapes o pučipe thaj o tretmani sar tane dikhle e Roma e aktuelno viruseja Kovid 19.
Teleder isitumen sasto linko sar tavdena e buka phalne akale viruseja hramome ani makedonikani čhib.

Европските земји ја користат стратегијата на затворање обидувајќи се да го запрат ширењето на Ковид-19, го ограничуваат движењето, ги затвораат училиштата и воспоставуваат социјално дистанцирање.

Но не сите живеат во услови во кои може да се следат тие правила. За стотици илјади Роми во Централна и Источна Европа тоа е практично невозможно.

Ромите се често сместени во пренаселени соседства со ограничен пристап до инфраструктура, вклучително чиста вода и канализација.Во Чешка, Унгарија и Словачка до Бугарија, Романија, Косово и Србија, Ромите се често сместени во пренаселени соседства со ограничен пристап до инфраструктура, вклучително чиста вода и канализација.

Во последниве декади нивната состојба е игнорирана од страна на владите со оглед на тоа што надлежните го запоставуваат процесот на формализирање на ромските населби и обезбедување основни услуги.

Сега, коронавирусот претставува сериозна закана за жителите на тие населби и за општеството воопшто.

Економските удари врз Ромите во ранлива позиција ќе бидат исто така катастрофални. Насочена поддршка за ромските заедници е поитна од кога било досега.

Најочигледен е фактот дека социјалното дистанцирање е невозможно во услови кога многу ромски семејства живеат во мали живеалишта, со многу луѓе набиени во една или две простории. Надвор, улиците се во сличен метеж, а отворените простори се ретки.

Низ цела Европа, децата се принудени да се потпрат на домашно школување и учење на далечина. Меѓутоа, многу ромски семејства немаат интернет, компјутери или електрична енергија. Во меѓувреме, локалните образовни центри за ранливите семејства се затворени.

Учениците во основните училишта во земјите како Северна Македонија и Србија може да имаат корист од телевизиската настава, која е попристапна. Но, дури и со телевизија и електрична енергија, таквото образование на далечина е тешко во раздвижен еднособен стан или барака.

Истовремено, родителите Роми, кои може и самите да се неписмени, не се во можност да помогнат со домашното школување. Може да очекуваме многу ромски деца да изгубат цела училишна година или целосно да го напуштат училиштето.

Roma Press-lendo linko tar:https://okno.mk/node/83885