Идната година двојно повеќе средства за подобрување на состојбата на Ромите

2502

Следната година ќе бидат одвоени двојно повеќе средства, кои претежно ќе бидат наменети за решавање на проблемите на ромската популација. Ова од Берово го најавија министерот без ресор Музафер Бајрам и пратеникот Самка Ибраимовски, кои во рамки на својата посета на Берово разговараа со жителите од улицата „Прохор Пчињски”, која ќе започне да се гради наскоро. За реализација на оваа активност, како што истакна Бајрам, се издвоени нешто повеќе од три милиони денари.

Ние од Владата на Република Северна Македонија, одвоивме 3 милиони и 116 илјади денари, за реконструкција на улицата. Располагаме со сума од 20 милиони денари распоредени во седум општини каде претежно живее ромско население, истакна Бајрам.

Во моментот како што истакна пратеникот Самка Ибраимовски со владини средства се градат и објекти за домување во Кочани.

Пред да дојдеме во Берово бевме во Кочани. Таму со претходно обезбедени средства се решаваат проблеми во делот на домувањето. Се градат 25 куќи за лица од ромска националност. Со решавање на тој проблем, сите што се сместени во домот АСНОМ, ќе бидат преселени во тие 25 куќички, изјави Ибраимовски.

Освен во овој дел од Македонија, како што додаде Ибраимовски, во зависност од проектите кои ќе ги изготват актуелните градоначалници во иднина ќе се решаваат проблемите на лицата од ромска националност и во другите општини.

За следната година, како што најавија Бајрам и Ибраимовски, со средства во висина од 40 милиони денари, ќе се градат нови станбени куќи, додека 20 милиони ќе бидат наменети за патишта канализации и други инфраструктурни зафати.

Hazri kerga:Roma Press lendo tar https://24info.mk/%d0%b8%d0%b4%d0