Интервју со Јани Бојаџи(режисер)Ако сме реални, перцепцијата за ромите како примитивен народ во голема мера се должи и на тоа како тој народ е прикажуван на филм, телевизија и по медиуми

144

Почитувани, Наш гостин е режисерот Јани Бојаџи, режисер на актуелниот најгледан филм во Македонија „УТРЕ НАУТРО“. Во разговорот тој искрено одговара на нашите прашања поврзано за филмот, инспирацијата, соработката со глумците(роми) реакциите од публиката и за неговата визија за македонската кинематографија.

РП.Што Ве инспирираше да работите на проекти поврзани со ромската култура и заедница?

ЈБ.За жал, во случајот со ова приказна, инспирацијата беше настан, кој кога се случи, мене ме извади од памет! Се шокирав од тоа дека ние немаме ни идеа дека заштитата на послабите од нас, што е основен услов да се стекнеш со можност некој друг, посилен од тебе да те заштити кога ти ќе се најдеш во неправда. Но, многу бргу сфатив дека неправдата нема нација, раса, припадност и идеологија. Се ставив себе си на местото на тие луѓе и веднаш сфатив дека и јас сум Ром.  

РП. Кои се најголемите предизвици со кои се соочивте приснимањето со ромски актери и теми?

ЈБ. Искрено, речиси сите Роми сите со кои работев на филмот беа образовани и луѓе со искуство и знаење во уметноста на филмот и театарот. Дури и повеќе од голем дел од останатата екипа. Така, предизвикот беше како да се направи избор од добра, подобар и најдобар. Мислам дека ги избрав најдобрите.  

РП.Како ја оценувате застапеноста на Ромите во македонскатакинематографија?  

ЈБ.За жал, тоа што може да го разбереме од поимот застапеност на ромите се сведува на истиот проблем со кој се соочуваат и македонците во македонската кинематографија. Македонските филмски уметници ја открија формулата за успех преку продавање на гетото, примитивизмот, ниските страсти, социјалната немилост и негативната селекција како рецепт кој ги продава нив како автори. Тоа е. Колку сме поглупи и попрости, толку повеќе зборуваат за нас. Може до нас е проблемот, не знам, навистина немам ум зошто се случува сето ова?

РП. Колку е важно да се раскажуваат автентични ромски приказни преку филмот?

ЈБ. Многу е важно. Филмот е медиум кој сеуште има голема моќ да раскаже приказни. И реално, она што ние го поседуваме на балканот, без разлика на нација и вера е нашата автентичност. И треба да зборуваме и разскажуваме за неа.

РП. Работевте со неколку ромски актерикако го доживеавтенивниот талент и посветеност?    

ЈБ. Имав среќа со актерите, со сите. За Бајрам, за Орхан и за Дишо не сакам да зборам. Бајрам Северџан, реално погледнато меѓу целиот кастинг е име и лице кое има најголеми успеси во филмот на светско ниво. Станува збор за актер кој го има она што мене ми е најважно кај актерот – присуството, неговото човечко својство. И тоа го добив. Беше задоволство да се работи со сите. Орхан Јашаровски пак е филмски и театарски образован човек, професионалец и ентузијаст со кого е леснотија да се работи. Со Бајрам и со Орхан пак задоволството е уште поголемо затоа што покрај овој филм се стекнав со двајца нови пријатели, и тоа ми е најважно од се. Ако после проектот, тебе актерите ти станале пријатели, значи се било, речиси совршено.

РП. Имате ли намера да продолжите со проекти што гиобработуваат темите на маргинализирани заедници?

ЈБ.Не знам. Во Македонија е многу тешко да се дојде до проект. За мене тоа е посебен проблем затоа што целиот систем е поставен така да секој што не им служел на интересите на една псевдо елита, на една самозамислена уметничка аристократија и на црвената буржуазија и нивните деца, кои, реално и сега, во овој момент, додека го пишувам ова управауваат со светот на филмот и тие носат одлуки кој и што може да снима во ова земја, на ова прашање не можам да одговорам – затоа што не знам кога следен пат ќе имам проект!

РП.Какви реакции добивте од публикатаи ромска и пошироказа Вашите проекти?  

ЈБ. Мојата среќа е во тоа што јас имам своја публика. Моите проекти секогаш се гледани од публиката. Во овој случај и со ромската публика. И не е некоја мистерија зошто е тоа така. Јас не кокетирам со публиката, но се што правам е наменето за публика. За публика тука во Македонија. Моите приказни се македонски и важно ми е публиката во Македонија да се идентификува. Се друго е добро, може, но не мора.

РП. Дали мислите дека филмот може да влијае врз промената наперцепциите за Ромите во општеството?

ЈБ. Секако дека може. Ако сме реални, перцепцијата за ромите како примитивен народ во голема мера се должи и на тоа како тој народ е прикажуван на филм, телевизија и по медиуми речиси седумдесет, осумдесет години. Како и со македонците, впрочем. Македонската кинематографија примитивизмот го идентификува како производ за пазар по Европа и светот. Тоа е. Не продаваат како идиоти и простации тоа е факт. Многу пати сум прашал, зошто не се обидат да продадат во светот скапани пиперки и домати, па да видиме дали некој ќе им ги купи? Но, тоа е. Ние во Утре наутро се бавиме со други теми поврзани со нас.

РП. Како гледате на улогата на културата и уметноста во процесотна интеграција?

ЈБ. Мислам дека грешки, стигми и етикети создавани сто години, нема да се исправат преку ноќ. Културата има сила да иницира работи кои ги интегрираат луѓето во секој смисол. Уметноста, во суштина е здружување и зближување на повеќе луѓе со заедничка цел – заедничко дело кое ги идентификува сите. Но моето мислење е дека поважно, најважно, на прво место е образованието. Образованието во основа ги култивира луѓето и со тоа ги подготвува за следниот чекор на духовна надградба – творештвото, културата и уметноста! Образован човек е осознаен човек кој има потенцијал да се изрази духовно. За мене, образованието е првата, втората и третата работа. Културата и уметноста е она што произлегува од образованието.

РП. Дали планирате нов проект поврзан со ромската заедница?

ЈБ. Имам една, речиси готова приказна. Но, да не се повторувам. Ова е многу, многу неизвесна работа. Посебно, кога сум јас во прашање. Тоа е.

РП. Како гледате на развојот на младите ромски актери? Имаат лидоволно простор во домашната продукција?

ЈБ. Не. За жал. Но, ако е за утеха, шанса немаат ни младите актери македонци. Тоа е. Филмот во Македонија е привилегија на една група луѓе кои во филмот гледаат бизнис и општествена доминација.

РП. Дали имате некое посебно искуство од снимањата што би господелиле, а оставило траен впечаток?

ЈБ. Имам. Ова беше снимање кое траеше 70 денови. Ниту еден ден не се почувствував осамено. Иако, режисерското место на сет е многу осамено место, ако си опкружен со многу луѓе.  

РП. Што би им порачале на младите Роми кои сакаат да се занимаваат со филм или актерство?

ЈБ. Да се борат за улога. Да гребаат. Да настојуваат. Да одат на кастинзи. Да не се чувствуваат инфериорно. Да се покажуваат себе си и својот талент. И секако, да бидат упорни и посветени. Инаку, ова, ако од страна изгледа како фенси работа, во суштина е тешка и мачна професија. Актерството, посебно на филм е аргатска работа. Тие што ќе го прифатат ова во позитивен и творечки смисол, ќе успеат. Им посакува среќа на сите.

Интервјуто го реализираше Севгул А.- Рома Прес.