КОЛУМНА- Неждет М. Благодарност за храброста која ја одбрани Шуто Оризари

1582
Screenshot

​Во моменти кога тишината зборува повеќе од гласната пропаганда, додека стравот се обидуваше да ја надвладее волјата и кога купени ветувања се нудеа за ситни интереси – Вие, одлучните граѓани на Шуто Оризари, одбравте достоинство.

Сакам од срце да Ви се заблагодарам за поддршката што ја покажавте во првиот круг од изборите. Вашиот глас за Коалицијата ,,Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за кандидатот за градоначалник Ерџан Демир и советничката листа бр.9, не беше само глас за кандидат или партија – туку за честа, правдата и иднината на нашата заедничка Шутка.

Во време на интензивни притисоци, отворени уцени и обиди за поткуп, Вие одбравте да не се покорите, туку да се исправите, да не молчите, туку да гласате. Тоа не е само политички чин – тоа е граѓански отпор. Храброста не секогаш значи да излезеш на улица, понекогаш значи да застанеш на гласачкото место и да кажеш: „Не се продавам.“
​Ова не беа обични избори, ова беше битка за достоинство, за огниште што ни го имаат оставено нашите предци, и истото треба да им го предадеме ,,незгаснато” на нашите идни генерации.

Вашата одлука во првиот круг беше глас за совест и силна визија. Сакам да Ви честитам за зрелоста и одговорноста што ја покажавте. Вистинските промени не доаѓаат однадвор, тие почнуваат од секој поединец кој решава да не се поклони пред неправдата. Но битката не е завршена, Курто Дудуш мора да биде поразен! Состојбата за советничката листа на нашата општина не дозволува да го изгубиме она што ни остана како можност, а тоа е идниот градоначалник (Ерџан Демир) да ја задржи функционалноста на советот и интересите на заедниците.

Вториот круг на изборите е пред нас и тој претставува продолжение на оваа борба. Знам дека ќе застанеме исправени и цврсти. Знам дека нема да дозволиме да ни ја украдат иднината. Нашите предвидувања како политичка партија ОПЕР се остварија, и нашите анализи со нашите партнери во коалицијата беа споделени. Ја одбранивме Шутка во првиот круг, останува да донесеме голема, заедничка победа во второто полувреме.

Ве повикувам на храброст и чесност, со целиот наш интигритет да му ставиме крај на осум годишното, катастрофално и понижувачко владеење на Курто Дудуш. Но, и да им ги затвориме вратите на сите оние кои со интриги се обидуваа да го уништат единството и сплотеноста на Коалицијата ,,Твоја Македонија”.
​На 2ри Ноември, народот на Шуто Оризари ќе победи. Овој датум ќе биде ослободување од непотизмот и клиентелизмот и почеток на една Шутка која ќе се развива во модерен и урбан центар за живеење, со зачувување на традиционалните и семејни вредности.

Aвтор:м-р Неждет Мустафа

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)